Едноставна подготовка, речиси идентична на колачот со јаболка и гриз.

Потребни состојки:

120 г кокос
120 г брашно
120 г шеќер
1 лажичка прашок за печиво
4 поголеми јаболка, околу 700 г
3 лажици масло

Постапка:

Во еден сад ставете 120 г кокос, 120 г шеќер, 120 г брашно и 1 лажичка прашок за печиво. Убаво промешајте за да се изедначат состојките.

Потоа измијте ги добро јаболката, излупете ги и исчистете ги од семките, па изрендајте ги.

Огноотпорниот сад или калапот во кој ќе го печете колачот намастете го со 2 лажици масло. Потоа ставајте ред сува смеса, ред рендани јаболка и се така по ред додека имате состојки.

Одозгора испрскајте со една лажица масло. Колачот се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 35 минути.

Деталите околу приготвувањето на овој колач можете да ги погледнете во видеото: