Посен колач без јајца и млеко, а многу, многу вкусен…Неодолив старински колач…

Меденото срце е од оние старински, миризливи и сочни колачи кои никого не оставаат рамнодушен. Се прави многу брзо, лесно и од евтини намирници кои секоја домаќинка ги има во својата кујна.

Во нашата архива може да најдете многу рецепти за овој колач, со неколку разлики во состојките. Во продолжение може да го прочитате рецептот на Валентина Машковиќ која овој колач го претстави во посна верзија.

„Верувам дека на сите ви е познат овој рецепт за медено срце. Ова е за оние кои го заборавиле рецептот или не го знаат. Јас го правам на овој начин, се прави брзо, лесно и едноставно, готов е за неколку минути. Домашните многу ми го фалат“, вели Валентина.

Доколку ви се пријаде нешто набрзина, посно а вкусно, тогаш овој рецепт е вистинскиот за вас.

Додека сварите кафе, тој веќе ќе се најде во вашата рерна. Одличен е за оние кои веќе го започнале велигденскиот пост, па сакаат со нешто вкусно да се засладат. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл газирана вода,
125 мл масло,
200 г шеќер,
250 г брашно,
1 лажица џем,
3 лажици какао,
1 лажичка сода бикарбона,
1 кесичка цимет,
1 кесичка циметов шеќер (или ванилин).

ЗА ФИЛОТ:
200 г џем по ваш избор.
ЗА ГЛАЗУРА:
100 г чоколадо,
4 лажици масло.

ПОСТАПКАТА во детали можете да ја прочитате ОВДЕ:

ПОСНО, БЕЗ ЈАЈЦА И МЛЕКО: Неодолив старински колач – нема кој не го пробал и не го посакал повторно

Видеото погледнете го ОВДЕ: