Воспалението на синусите може да биде многу болно и непријатно, па затоа, доколку е можно спречете го или олеснете го со овие неколку едноставни постапки.

Тегобите поврзани со синусите најчесто се појавуваат наесен и зимно време поради студениот воздух и сувиот воздух во затворените простори, но неретко тегобите може да се продолжат и напролет.

Слузокожата на синусите во тие неповолни услови станува сува и чувствителна, па посклона е на воспаленија.

Воспалението на синусите или синуситис со оглед на на причината може да биде бактериска, вирусна и поретко габична, а со оглед на симптомите, може да биде акутна или хронична.

СИМПТОМИ:

-Силна главоболка и притисок во пределот на синусите, особено наутро кога стануваме од спиење или кога се наведнуваме;
-исцедок од носот – на бактериско воспаление на синусите укажува гноен исцедок од носот, а на вирусно – сукрвав исцедок;
-затнат нос;
-кашлица;
-зголемена телесна температура

ЛЕКУВАЊЕ

Пред сè треба да се разграничи дали станува збор за отекување на носната слузокожа (симптомите се слични како кај воспаление на синусите) или станува збор за воспаление. Отекувањето на носната слузокожа не се лекува со антибиотици, туку со редовно чистење и инхалации.

Доколку оториноларингологот утврди дека станува збор за воспаление на синусите, ќе препише антибиотици (но не секогаш, туку само кај сериозни воспаленија).

Воспалението на сиснусите се лекува со одржување на хигиена на носот (со спрејови за нос) и редовни инхалации, а доколку постои и алергија, лекарот ќе препише и антихистаминици. Доколку воспалението на синусите не поминува во рок од еден месец, можно е лекарот да препорача мал оперативен зафат.

САМОПОМОШ КАЈ ВОСПАЛЕНИЕ НА СИНУСИ

-за да се ублажат тегобите поврзани со воспаление на синусите, одржувајте ја влажноста на воздухот во просториите во кои престојувате.

-редовно проветрувајте ги просториите, а собата во која спиете нека биде малку постудена од останатите простории

-одржувајте ја хигиената на носот – редовно користете физиолошки раствор за испирање на носот

-инхалирајте се: загрејте вода и во неа додадете неколку капки етерично масло од евкалиптус, рузмарин, чајно дрво или жалфија. Повторувајте ја инхалацијата неколкупати дневно.

-јадете почесто рен

-пијте повеќе течности

-одбегнувајте рафиниран шеќер

-јадете повеќе овошје и зеленчук

-носниците маскирајте ги со малку кокосово масло

Еве како на природен начин да ги излекувате синусите.

Потребни состојки:

½ чаша вода
¼ чаша јаболкова киселина
1 лажица мед
1 лажица лут црвен пипер
1 лимон – сок

Постапка:

Водата зовријте ја, додадете јаболкова киселина и почекајте да излади на собна температура. Откако ќе излади, додадете мед и лут црвен пипер, а на крај и сок од еден исцеден лимон.

За најдобри резултати, испијте ја оваа смеса (поделена на две дози) на празен желудник пред појадок и навечер пред спиење.