Помфритот им е омилен на многумина, особено ако станува збор за дечињата. Може да го правите во фритеза и длабоко масло или рерна. Во секој случај, некогаш компирот излегува жилав и се распаѓа, а тоа не е нашата прва замисла за помфрит. Најубав е кога е крцкав и се топи во уста.




Решението за овој проблем се содржи во еден клучен момент при подготвување на компирот кој е многу едноставен, а малкумина се досетиле да го испробаат. Во продолжение прочитајте како секогаш да подготвите крцкав помфрит, прво е претставен базичен начин на подготовка, а потоа уште 2 поконкретни рецепти.




ПОСТАПКА: ако имате млади компирчиња, тогаш вие сте на тронот. Тие секогаш излегуваат крцкави, а особено ако ги подготвувате со лушпа. Компирите измијте го убаво со ладна вода, па излупете ги. Доколку имате време може да ги оставите да стојат во вода од 30-60 минути.




Потоа исечете ги напречно со дебелина приближно од 7-10 мм, па исечете тенки ленти како за помфрит. Сечените парчиња компир веднаш ставајте ги во ладна вода за да не потемнат. Во водата додајте 50 мл масло, па убаво со рака протријте ги компирите за да излезе од нив што повеќе скроб.




Исцедете ги од заматената вода и ставете ги во плех обложен со хартиена салветка за да ја впие вишокот влага од компирчињата. Одозгората натапкајте ги со уште еден слој салветка.

Откога убаво ќе се исушат, компирчињата наросете ги со една лажица пченкарен скроб. Добро промешајте ги за да може правта од скробот рамномерно да се налепи на компирчињата. Вака приготвени компирчињата се подготвени за пржење или печење.




Тајната во пржениот компир е секогаш да ги ставате да се готват во масло на топло и ладно. Тоа значи дека компирите ги ставате во тавче и одозгора ги преливате со масло, нешто над компирите. Вклучете ја ринглата на ниска температура и почекајте маслото да се загрее заедно со нив.




На овој начин компирите ,,започнуваат” да се готват додека се загрева маслото и најважно од сè е тоа што маслото не прска насекаде, ниту треба постојано да мешате. По 25 минути проверете ги компирите и тогаш малку размешајте ги за да видите дека тие се веќе зготвени и крцкави како купечките.

II РЕЦЕПТ – Крцкав помфрит речиси без капка масло (со само две лажички)! Рецепт и видео презентација на Анита од AnitaCooks. За да го приготвите овој крцкав, вкусен и здрав компир потребно е да го исечкате вообичаено како што тоа го правите кога приготвувате класичен помфрит, па да го зачините и убаво измешате. Доволно е една до две лажици масло.




Потребни зачини: сол, црн пипер, лук во прав, магдонос во прав (сув па мелен), мајчина душичка или рузмарин. Постапка: компирот измијте го, излупете го и исечкајте го. Додајте малку масло колку да се обложат компирите.

Потоа додајте ги зачините (една лажичка сол, малку лук во прав, црвен пипер во прав, 1/2 лажичка куркума во прав и чили во прав) или по желба додајте она што сакате, измешајте добро, па распоредете врз хартија за печење.




Печете во загреана рерна на 220 степени, 40-тина минути или додека убаво да заруменат за да добијат убава коричка. После тоа ќе добиете крцкав и вкусен помфрит речиси „без капка“ масло, или со минимално употребено масло. Постапката од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.




III РЕЦЕПТ – Здрав ПОМФРИТ од палента – многу едноставно за приготвување. Потребни состојки: 1 литар вода, 220 г палента, масло, морска сол. За наросување избор од суви зачини: магдонос, рузмарин, мајчина душичка, пипер; пармезан.




Постапка: ставете ја палентата со малку сол во ладна вода и сварете ја на класичен начин. Излејте во тепсија 20 см претходно намастена со масло. Оставете да излади 15-тина минути, а потоа покријте ја со проѕирна фолија и оставете целосно да излади.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Изладената палента исечкајте ја на ленти како помфрит. Тепсијата обложете ја со хартија за печење па наредете го помфритот. Наросете малку масло и морска сол па печете. Времето на печење зависи од јачината на рерната и од тоа колкави парчиња сте исекле, но отприлика е 25 минути. Готовиот помфрит наросете го со суви зачини и послужете со кечап или некој сос по ваш вкус.