Помагаат кај вируси, ја чистат крвта, го регулираат варењето: Бобинки кои се чудо за здравјето

Дали знаете дека еден хектар шума со смреки на годишно ниво во атмосферата емитува 30 кг материи со бактерицидно дејство, доволно за дезинфекција на еден помал град. Затоа, чувајте ги дрвата и шумите…

Најпознатиот производ од смреките се етеричното масло кое се добива со парна дестилација на игличките, кората и плодовите сомелени во прав.

Смреката (Juniperus communis ) е зимзелена билка од родот на четинарите која расте речиси на целата северна полутопка на Земјата. Во нашата земја смреката е најлесно да се најде во ридските и планинските предели, обично на сува и камена подлога. Позната е под имињата смрека, клека, срча, обична боровинка…

Расте до половина метар и лесно се препознава по иглистетите листови и зелените или црни бобинки, а ги има и во црвенкасто-кафеава боја кои поретко се користат. Смрекинките всушност не се бобинки, туку тоа се шишарки на смреката. Во првата година имаат зелена боја, а следната година потемнуваат, а тогаш и се берат. Целата билка е лековита, па покрај бобинките се берат и игличките и младите гранчиња од април до крајот на јуни.

Гранчињата и бобинките е потребно да се сушат некое време под сенка, на провев, а потоа се чуваат на суво и чисто место. Се консумираат црните бобинки кои имаат карактеристичен ароматичен вкус кој не им е угоден на сите.

Бобинките си нашле својат примена во европската и индиската кујна за приготвување на различни рецепти, а уште во античко време се говорело за нивото лековито својство. Од смрекинките се прави сок, вино, и разни лековити напитоци, а во индустријата на алкохолните пијалаци се користи за производство на џин.

Во нашата народна медицина смрекинките имаат значајно место покрај нането, ајдучката трева, мајчината душичка, а од бобинките се прави ракијата – “смрековка” која освен за пиење се користи и како силно дезинфекционо средство.

Се применува кај: кашлица, болести на стомак, настинки, грип, потење, како облога за ублажување на симптоми од реума. За главоболка се препорачува превиткување на челото со издробени бобинки.

Кај болести на желудник, црн дроб и слаб апетит – се јадат неколку бобинки пред појадок или се приготвува час.

За чај: се прелива една шолја издробени смрекинки со 1 литар вода и овој чај се пие 5-6 пати во текот на денот. Не треба да се претерува ниту со должината на консумирањето ниту со количините, бидејќи може да предизвика проблеми со работата на црниот дроб.

Лековит сок од смрекинки кој помага во слабеење и за дијабетес

Домашен напиток од бобинки од смрека е проверен лек за шеќерна болест (дијабетес), а помага и во слабеење и регулирање на килограмите. Може да се консумира како сок или како чај.

Сокот од смрека се приготвува на едноставен начин и за тоа ви се потребни следните состојки:

500 г смрекинки
3 литри вода
1 лимон
Тегла од 3 литри.

Постапка:

Истресете ги бобинките во тегла и залијте со вода до врв. Потоа исцедете го лимонот и сокот додадете го во теглата. Сокот е подготвен кога бобинките од смрека ќе почнат да паѓаат на дното.

Сокот се пие 3 пати дневно по една шолја, околу 250 мл. наутро задолжително по една шолја на празен желудник, а остатокот во текот на денот. Можете да го заблажите напитокот, но навистина нема потреба бидејќи е многу питок и вкусен.

За слабеење: се препорачува да се пие во неограничени количества, наместо вода.

Чај од смрека

Освен сок можете да направите и чај од смрека која ги јакне нервите и желудникот, ја чисти крвта, ги одведува отровните гасови, а преку урината се елиминираат и лошите сокови, предизвикува потење, го чисти црниот дроб, ги ситни и одвојува каменчињата и песокот во жолчка, бубрези, мочен меур.

Сепак, чајот не се препорачува на лица со заболени бубрези или бремени жени.

Рецепт:

2 супени лажици смрекинки
500 мл вода
Мед по желба

Постапка:

Бобинките од смрека издробете ги или изгмечете ги со лажица, па ставете ги во врела вода и варете 3-5 минути. Тргнете од оган и поклопено оставете околу половина час. Потоа процедете и пијте.

Стар народен рецепт кој ја уништува секоја болест – одличен за вид, срце, имунитет, коски, црева

Станува збор за посебен вид на вино кое се приготвува од боровинки и смреки. Боровинките може да ја разубават и омекнат вашата кожа, па дури да спречат и рак. Го јакнат имунитетот.

Имено, овие бобинки имаат повеќе антиоксиданси од било кое друго свежо овошје или зеленчук тестирано до денес. Повеќето нејзини моќи доаѓаат од пигментот кој е одговорен за сината боја.

Одлични се за вид и за здраво срце. Го намалуваат нивото на шеќерот во крвта, а исто така го топат салото околу стомакот. Помагаат при опстипација. Една чаша сирови бобинки содржи околу четири грама влакна.

Растворливите влакна кои се содржат во боровинките можат да апсорбираат 11-16 пати од сопствената тежина во вода и на тој начин да ја забрзаат работата на цревата.

Боровинките имаат големи количини манган, кој игра голема улога во развојот на коските. Од друга страна смрекинките имаат необичен вкус и најмногу се користат како зачин во европската и индиската кујна. Порано се користеле како лек, а нивните здравствени својства де познати и денес.

Една од најкорисните состојки кај смекинките е 4-терпинен, кој помага при намалување на нивото на мокрачна киселина, го подобрува дигестивниот тракт и го намалува ризикот од вируси. Во комбинација овие две бобинки имаат неверојатен ефект врз вашето здравје.

Рецептот всушност е базиран на бобинки од боровинки и смрекинки натопени во вино и ракија, а всушност станува збор за вид вино од боровинки. Лекот се применува кај:

-проблеми со лоша циркулација
-лоша крвна слика
-главоболки и вртоглавици, слабо памтење
-слабо срце
-акутни и хронични проблеми со желудник и црева
-воспаленија на дебело црево
-анемија и слаб имунитет

Лекот можете да го консумирате ако имате проблем со слабо срце. За оваа намена сличен напиток од боровинки се спомнува и во записите пронајдени во Лондон кои датираат уште од 1698 година.

Виното успешно ја регулира цревната флора и ги уништува и регулира размножувањето на штетните бактерии и глисти. Затоа се препорачува при различни дигестивни пречки.

Виното помага и при недостиг на апетит и слабост предизвикана од некоја болест, операција или пад на имунитетот.

Бидејќи добрата циркулација и дигестија е клуч за добро здравје, со добра работа на срцето и мозокот јасно е зошто ова вино кај народот е наречено ЛЕК ПРОТИВ СЕКОЈА БОЛЕСТ.

Потребни состојки:

500 г свежи боровинки
500 г сини смрекинки
1 литар квалитетно домашно црно вино
500 мл јака домашна ракија
3 лажици домашен мед од проверен пчелар
3 лажици шеќер

Постапка:

Боровинките и смрекинките измијте ги и ставете ги во голема тегла. Налијте вино да ги прекрие бобинките. Оставете да отстои во фрижидер 48 часа, а потоа во смесата додадете половина литар ракија, мед и шеќер.

Добро промешајте за да се растопат медот и шеќерот. Оставете ја комплетната смеса да отстои 7 дена. После тоа може да се користи.

Употреба: по 4 лажици вино наутро и навечер. Во секоја доза нека има и неколку боровинки кои ќе ги изџвакате пред голтање.

Виното се користи 3 дена наутро и навечер по што се паузира 2 дена. На овој начин се користи додека да се потроши целата доза направена по овој рецепт.

Рецепти на билкарот Мартин Најдовски:

Лек за сузбивање вируси и бактерии

100 г зрна смрекинки (сини)
100 г мед
100 г путер

Клеката се меле на машинка за кафе. Сето заедно се измешува и секое утро на гладно се зема по 1 кафено лажиче, 30 минути пред јадење.

Други рецепти:

1.Чај: 1 кафена лажичка бобинки се толчат, се попаруваат со 250мл зовриена вода, стои поклопено 20 мин па се пие по 2 шолји дневно. Не се препорачува да се пие повеќе од 1 месец во континуитет. Најдобро да се пие 7 дена па пауза од 2-3 и повторно така.

2.Тинктура: 50 грама клека на 500 мл ракија домашна се закиснува. Стои 21 ден со секојдневно протресување, се цеди и се пие по 10-15 капки 2 пати дневно, разматени во вода или чај.

3.Тинктура за премачкување на зглобови, ревматични места и болки: 100 грама клека на 1 литар ракија. Стои 21 ден, се процедува па болните места се мачкаат 2-3 пати дневно.

4.Лек против сите вируси и бактерии:

100 г клека бобинки мелени
100 г мед
100 г путер

Се се измешува па секое утро на гладно се јаде по 1 лажиче, 30 мин пред појадок 1 дневно.

5.Kлековача: 100 г клека, 1 литар ракија и 1 супена лажица шеќер. Стои 21 ден, се цеди и се пие по ракиска чашка.

6.Против главоболки: неколку зрна клека се толчат па се ставаат на крпа и крпата како облога се става на главата.

7.За болести на црн дроб, водена болест и јакнење на нервите: секое утро 1 час пред појадок треба да се изџвакаат 3-5 клекови бобинки.

Loading...