Фото и рецепт: Елена Ангелевска

За копитката или њоки: се вари компир како за пире, се цеди од водата и се пасира. Се остава да излади, па се додаваат 1-2 јајца, сол, вегета и брашно по потреба, да не биде лепливо тестото.

Се меси убаво и се дели на неколку парчиња. Секое парче се расукува со рака како змија и се сече на парчиња накосо. 

Во меѓувреме, во тенџере се става вода со малку сол и масло, да зоврие.

Кога водата е зовриена, се спуштаат тестенините да се варат, кои паѓаат на дното од тенџерето, но постепено ќе испливаат сами на површината.

Се оставаат да се поварат уште три минути, па се вадат со решетка лажица во некоја тепсија.

Претходно, ќе запржите кромид со сол, вегета и црн пипер.

Како ќе ги вадите њоките, така ќе ги поросувате одозгора со кромид и масло.

Потребни количини за њоките (произволнО):

500 г компир (варени или пире)

2 јајца

500 г брашно+-

1 лажичка сол

Прилог: пржена зелка

Зелката може да биде резанец, а може да биде и закиселена. Се става зелката во тенџере со вода и масло и црн пипер да се динста.

Кога ќе изврие водата се пропржува убаво и на крај се дроби 1-2 чешниња лук, по вкус.

СТЕК

Стекот измиен и истолчен со чеканче за месо, посолен и пржен во врело масло.