Home закуска Полнети погачици, меки како памук…За појадок, закуска, предјадење, вечера…За секаква пригода…

Полнети погачици, меки како памук…За појадок, закуска, предјадење, вечера…За секаква пригода…

Полнети погачици, меки како памук…За појадок, закуска, предјадење, вечера…За секаква пригода…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

300 г млеко
550-600 г брашно
30 г свеж квасец или 1 кесичка сув квасец 10 г
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
60 мл масло
1 цело јајце и 1 жолчка
1 белка за премачкување
сусам за посипување
150 г путер или маргарин на собна Т за премачкување на тестото

За фил помешајте:
100 г рендана или ситно сечкана салама
100 г рендан кашкавал
1 јајце

ПОСТАПКА:

Во 300 мл топло млеко ставете малку шеќер, јајцето и жолчката, квасецот и маслото, па промешајте. Постепено додајте го брашното помешано со солта и замесете средно меко тесто. Покријте го и оставете го 10-тина минути да одмори.

Потоа развлечете кора и преку цела површина премачкјате ја со путер. Посипете сосем малку брашно и кората здиплете ја како книга: преклопете од едната страна, па од другата, да добиете долг правоаголник со 3 листа.

Премачкјате го одозгора со путер, па преклопете од горе и од долу. Оставете да одмори 10-тина минути, па повторно развлечете кора и повторете ја постапката со премачкување и диплење. Повторно оставете да отстои 10-тина минути.

Третиот пат развлечете правоаголна кора и исечете ја на коцки. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Секоја коцка полнете ја со фил и затворете во погачица.

Наредете ги во плех обложен со хартија и премачкјате ги со белка, а потоа посипете ги со сусам. Печете ги 20-25 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: