Полнети пиперки запечени со кашкавал – популарно предјадење, а може и главно јадење

Запечените пиперки полнети со пиперки се многу популарно јадење на балканот. За вегетаријнаците и оние со послаб апетит може да бидат и главно јадење, само со салата, а за другите, прилог со месо.

Потребни состојки:

500 г свежо кравјо сирење
100 г горгонзола или друго сирење
4 меснати црвени пиперки
1 јајце
1 лажица сув зачин, сол
2 лажици маслиново масло

Постапка:

Целите пиперки обарете ги пет минути во вода со малку сол, па веднаш изладете ги со ладна вода. Пресечете ги по должина, исчистете ги од семки и жилички.

Со миксер добро изметет го кравјото сирење со јајцето, а потоа додадете ја горгонзолата исечкана на ситни коцкички. Распоредете го сирењето во половинките од пиперките и редете ги во намастен огноотпорен сад.

Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Пред крајот одозгора можете да наросите рендан кашкавал.

Послужете како предјадење или како прилог со главното јадење.

Loading...