Полнети пиперки со компир по рецепт на свекрва ми – ќе ве воодушеви! Посно а вкусно

Потребни состојки:

15 помали пиперки

4 компири

1 морков

2 зрели, поголеми домати

1 главица кромид

1 чешне лук

2 лажици сечкан лист од магдонос и целер

1 лажичка сол

½ лажичка мелен црн пипер

4 лажици масло

Постапка:

Целиот зеленчук измијте го, пиперките исчистете ги од семето и оставете ги на страна.

Компирот излупете го, морковот и кромидот, па изрендајте, додадете сечкан магдонос и целер.

Излупете го доматот, па еден ставете го во зеленчукот а другиот ќе го искористите подоцна.

Додадете и сечкан лук, сол, црн пипер, 2 лажици масло, промешајте да се соедини.

Полнете ги пиперките со приготвената смеса и редете ги во намастена тепсија за печење.

Во сокот што го испуштил зеленчукот при рендањето додадете 2 лажици масло и изрендан домат, па истурете помеѓу пиперките.

Овие пиперки не треба со ништо да се затвораат. Одозгора покријте со хартија за печење а не со капак, за да се печат пиперките а не да се варат.

Печете на 200 степени околу еден час.

Пред крајот на печењето треба да се тргне хартијата и малку да се појача температурата за да фатат убава боја.

serbiancafe.com

Претходна статијаКОКОС КИФЛИЧКИ: готови се за 15 минути а целата куќа ќе ви мириса прекрасно
Следна статијаЗа три дена пет килограми помалку: ЗИМСКА ХИТ ДИЕТА ВО СВЕТОТ!