ПОЛНЕТИ КОЛАЧИЊА ОД 80-ТИТЕ: толку вкусни, неодоливи, веднаш се изедоа

ПОЛНЕТИ КОЛАЧИЊА ОД 80-ТИТЕ: толку вкусни, неодоливи, веднаш се изедоа. Рецепт на Рада од Радине Послатице. Вкусни полнети правоаголници со лешници, џем, пудинг од ванила и уште неколку состојки. Тестото е многу меко, како памук воздушесто.




Рада е позната по тоа што во секои колачиња кои ги подготвува, секогаш користи џем со разни вкусови. Не е залудно тоа што нејзините рецепти потсетуваат на вкусот од детството, па затоа се и најслатките. Во продолжение може да го прочитате рецептот:




Потребни состојки за тесто: 500 г брашно, 1 јајце, 100 мл масло, 1/2 прашок за печиво, 125 путер / маргарин, 4 лажици шеќер во прав, 4 лажици сок од лимон. Други потребни состојки: 1 кесичка пудинг од ванила, 500 мл млеко, 3 лажици шеќер.




За бисквит: 2 јајца, 3 лажици шеќер, 3 лажици млеко, 3 лажици масло, 1/2 прашок за печиво, 4 лажици брашно, 1 лажичка какао. И уште: 5 лажици џем по избор, 100 г мелени лешници, 1/2 лажичка цимет.




Постапка: Најпрво за да замесите меко и воздушесто тесто, во подлабок сад додајте го брашното заедно со прашокот за печиво, потоа додајте го путерот или маргаринот. Потоа додајте го јајцето, маслото и на крајот додајте го лимоновиот сок.




Тестото е меко и воздушесто благодарение на лимоновиот сок. Од овие состојки добро се замесува тестото, па од него се прават малите коцки. Од тестото издвојте 400 г, завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го во фрижидер да отстои 15-тина минути.




Од тоа тесто ќе добиете 40 коцки, што значи дека секоја коцка ќе биде по 10 грама. Остатокот од тестото распределете го во тава со хартија за печење и добро развлечете го низ целата површина на тавата со рацете.

Нема да ви е потребна оклагија бидејќи тестото само по себе е еластично и лесно се развлекува со раце. Преку колачот премачкајте еден слој џем по ваш избор, јас користев џем од јагоди.




Преку премачканото тесто се наросува со 100 г мелени лешници, а може и ореви или бадеми или мешано. Исто така наросете и со половина лажичка цимет по избор. Смесата тргнете ја настрана и подгответе го бисквитот.




Подготовка на бисквитот: Белките изматете ги заедно со шеќерот, а потоа додајте ја жолката и повторно изматете. Потоа додајте 4 лажици брашно, 1 лажица какао и 1/2 прашок за печиво. На крајот се додава 3 лажици масло и 3 лажици млеко, па се разматува со миксерот.




Преку тестото во тавата се прелива оваа бисквитна смеса и добро се распоредува. Тавата се остава настрана, а во меѓувреме се прават топчињата. Тестото го делам на 4 дела, го размесувам како валјак и потоа сечам коцки и формирам кругчиња од нив.

Потоа топчињата се редат во тавата, 5 во вертикала и 8 во хоризонтала за да ви ги собере сите 40. Кога ќе ги наредите, ќе забележите дека тие ќе потонат до половина во кремот, а важно е помеѓу топчињата да има простор.




Топчињата се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 25-30 минути. По печењето, колачот се остава да се олади, а на крајот се подготвува и глазурата од пудинг за преливање.

Околу 300 мл млеко ставете да зоврие заедно со шеќерот, а остатокот од млекото измешајте го со пудингот од ванила со рачна маталка. Кога млекото ќе зоврие, се додава смесата со преостанатото млеко и со постојано мешање се вари до посакуваната густина. Пудингот се лади додека да биде на млака температура, па малку се разматува со миксер колку да се разреди.

Доколку сакате подебел слој од глазурата, може да зготвите и 2 пудинга. Колачот добро се лади во фрижидер, па се сечат правоаголници. Иако колачот се прави малку подолго, постапката е многу едноставна. Деталите од целата подготовка на колачот може да ја погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаНАПУШТЕНА ЖЕНА: Среќна сум што те запознав, но уште посреќна што ме остави – ти благодарам за услугата!
Следна статијаМОДЕРЕН РЕЦЕПТ ЗА МЛАДИ И СТАРИ ДОМАЌИНКИ: Не е ниту старински, ниту бабин, ниту мамин – Печени пиперки во тегла