ПОЛНЕТА ЛЕПИЊА, ТЕНКА КАКО ПАЛАЧИНКА…Практичен и многу вкусен рецепт…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 чаши брашно
2.5 чаши топла вода
1 мала лажичка сол

За фил:
4 компири со средна големина (варени)
1 чаша рендан кашкавал/чедар
сол и црн пипер
чили и нане/магдонос по вкус

ПОСТАПКА:

1.Во поголем сад за месе просејте го брашното, сипете сол и започнете постепено да ја додавате топлата вода. Ова тесто нема квасец па потребно е добро да се измеси за да добие еластичност.

Кога ќе стане компактно истресете го на работна површина и со тегнење и развлекување месете го приближно 5 минути или додека да стане мазно и еластично. не додавајте повеќе брашно од потребното за да не добиете тврдо тесто.

2.Поделете го на 6 топчиња, покријте ги оставете ги да одморат 10-15 минути или додека го приготвите филот.

3.За фил: испасирајте ги компирите во пире, зачинете по вкус и помешајте со рендан кашкавал. Од филот обликувајте 6 топчиња.

4.Земете едно тесто и сплескајте го со прстите како тенка кора, во средината поставете топче-фил, па опфатете го и затворете го со тестото.

Повторно обликувајте топче и оставете го да одмори настрана додека ги приготвувате другите теста.

5.Потоа земете го првото приготвено топче и внимателно со прстите започнете постепено да го сплескувате колку што можете потенко. откако доволно ќе се отвори продолжете со оклагија.

6.Ва тавата загрејте сосем малку масло па спуштете ја „палачинката“ и печете ја по неколку минути од двете страни додека да зарумени. Користете умерено силен оган, зашто ако ги печете на ниска температура тие ќе се исушат.

Во текот на печењето превртувајте ги неколку пати додека да започнат да се дујат како балон. Постапката погледнете ја ОВДЕ.