На овој голем празник постои верување поврзано со жените. На овој ден мажените треба да наберат или да купат хризантеми со цел и желба бракот да продолжи во хармонија и да биде уште подобар и посреќен од порано.




Македонската православна црква денес го обележува празникот Покров на Пресвета Богородица кој во црковниот календар е бележан со потенцирани црни букви. Иако не е бележан со црвени букви како што тоа е правило за поважните празници, сепак, овој ден е многу ценет и почитуван кај народот.




Македонците особено ги почитуваат и празнуваат сите денови поврзани со Пресвета Богородица, па така и овој. Кај народот се познати следниве народни обичаи поврзани токму со овој ден:




„Ако некоја девојка сака среќно да се омажи, тогаш на овој ден мора да отиде во црква и да се помоли пред иконата Покров на Пресвета Богородица. Притоа треба да понесе пешкир кој ќе го дарува на црквата и да и‘ се помоли на Богородица да и помогне во вкрстувањето на патиштата со оној кој ќе и биде животен сопатник.“




На овој ден обично младите брачни парови одбирале некој брачен пар за пример, кој во тоа место бил познат по среќа, хармонија и разбирање, па оделе кај тие маж и жена за да се посоветуваат како да го унапредат и својот живот во заедницата.




Исто така, на овој ден се верувало дека немажените девојки треба да испечат колач и да го чуваат ноќта покрај кре-ветот, за на тој начин да го привлечат идниот брачен сопатник.




За разлика од нив, мажените жени пак, купувале или береле хризантеми и ги оставале пред врата за да привлечат среќа, љубов и семејна благосостојба. Се смета дека најсреќните бракови се склопуваат токму на овој ден.




Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас греш-ните.

Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во вој-на, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати.




Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот (или Философ), имаше сеноќно бдение во Богородичната црква Влахерна во Цариград.




Црквата беше преполна со народ. Во задниот дел стоеше свети Андреј Јуродив со својот ученик Епифаниј. Во четвртиот час од ноќта над народот се појави Пресвета Богородица со распрострен омофор на рацете и со таа облека како да го покриваше народот. Беше облечена во златна порфира и целата блескаше во неискажлив сјај, опкружена со апостоли, светители, маче-ници и девици.




Гледајќи го тоа видение свети Андреј му покажа со рака на блажениот Епифаниј и го праша: „Ја гледаш ли, брате, Царицата и Госпоѓата над сите, како се моли за сиот свет?“ Епифаниј одговори: „Ја гледам и се восхитувам!“

Заради ова се востанови ова празнување, за да нè потсетува како на тој настан така и на постојаното покровителство на Пресвета Богородица, кога тоа Нејзино покровителство, тој покров молитвено го бараме кога сме во неволја.