Брзо а вкусно јадење!

Потребни состојки: 6 средно варени јајца, 1 чаша (од 300 мл) меко брашно, на врв од ножот прашок за печиво, 1 лажичка сол, ½ лажичка мелен црн пипер, ½ лажичка сода бикарбона, 200 мл јогурт, 100 г путер, 2 разматени јајца, 2-3 млади кромитчиња,

Потоа,  100-200 г ситно сечкана сланина (количина по вкус, околу половина чаша од 200 мл), 100-200 г грубо рендан кашкавал чедар (количина по вкус, околу половина чаша од 200 мл) *ако смесата ви се чини течна, додадете малку брашно, а ако е густа, додадете јогурт.

Постапка: Варените јајца излупете ги, кромитчето и сланината ситно исечкајте ги, а кашкавалот грубо изрендајте го.

Измешајте брашно, прашок за печиво, сол, црн пипер и сода бикарбона, па со мешање полека додавајте јогурт. Потоа, исто со мешање, додавајте растопен путер, а потоа и разматените јајца.

Во тестото додадете сечкано кромитче и сланина, а потоа и кашкавал. Оставете од кашкавалот за наросување одозгора. Убаво промешајте ја смесата.

Во претходно намастени калапи за мафини (пожелно е да бидат длабоки) ставете малку тесто. Врз тестото во секое гнездо ставете варено јајце.

Дотурете тесто и исполнете го просторот околу јајцето. На врвот наросете рендан кашкавал и печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути.

Печените мафини извадете ги од рерна, малку изладете, извадете ги од калап и послужете како предјадење или лесна вечера со салата или тартар сос.