Феноменална солена торта која можете да ја направите за 30 минути

Потребни состојки:

6 јајца

9 лажици брашно

1 прашок за печиво

Loading...

400 мл јогурт

200 мл масло

1 лажичка сол

За фил:

250 г мајонез

300 г кисела павлака

300 г ситно сирење

250 г салама рендана

2 варени јајца рендани

50 г кашкавал

Постапка:

Соединете ги сите состојки за кора (матени белки се спојуваат со жолчките, се промешува брашното, солта и печивото, па се додаваат јогуртот и маслото). Смесата се пече на намастен и набрашнет плех или обложен со хартија, на 200 степени. Добиената печена кора се сече на половина за да се добијат две кори.

Состојките за фил соединете ги во компактна смеса.

Редење: кора, поголемиот дел од филот (оставете малку за одозгора), па втората кора. Втората кора премачкајте ја со малку фил и одозгора изрендајте кашкавал.

Loading...