Ова брзо јадење е многу вкусно, а особено е практично кога немате многу време за долго готвење. Похуваните тиквички заедно со салата од домати и парче сирење е вистинско гурманско јадење за ова лето. Лесно е, брзо се приготвува, а притоа заситува, а токму то е она што најмногу го сакаме кај тиквичките.




А за да ги збогатите похуваните тиквички и да го подигнете рецептот на повисоко ниво, откако ќе ги извалате во вообичаениот „пох“, наросете ги и со сусам. Ќе бидат уште подобри и покрцкави. Рецептот на Јелена Перовиќ е одличен, еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 млади тиквички со средна големина, 2 јајца, 2 супени лажици кисела павлака, 100 г сусам, 50 г соини трошки/снегулки, 4 супени лажици брашно, сол и зачини по вкус, масло за пржење




ПОСТАПКА: Тиквичките добро измијте ги под млаз ладна вода и отстранете им ги дршките. Доколку се млади нема потреба да се лупат, а доколку сметате дека се стари и имаат потврда лушпа, тогаш излупете ги и исечете ги на долги и тенки ленти.




Исечените тиквички посолете ги малку од двете страни и оставете ги 10-15 минути да отстојат за да го испуштат вишокот сок, а потоа исцедете ги. Во подлабок сад скршете две јајца и додајте 2 полни супени лажици кисела павлака.




Измешајте додека јајцата и павлаката се соединат во хомогена смеса. По потреба додајте сосем малку ладно млеко или вода за да се разреди смесата доколку е многу густа. Потоа спремете ги и останатите состојки за похување:




На едно места ставете брашно, а на друго место измешајте сусам со соини трошки (ако немате во моментот, тогаш употребете лебни трошки/презла). не треба да се солат состојките бидејќи тиквичките од претходно се посолени.




ПОХУВАЊЕ: Тиквичката најпрво целата извалајте ја во брашното, потоа потопете ја во течната смеса од јајца и павлака, а потоа во мешавината од сусам и соини трошки. Вака испохувани тиквичките пржете ги во умерено загреано масло додека да зарумени од двете страни. Деталите погледнете ги ОВДЕ.