Фотографија и рецепт на Тања Џорџевиќ

Многу вкусни пржени-похувани лепчиња со крцкава и вкусна коричка однадвор, а одвнатре меки и сочни. Направете ги и изненадете ги најмилите.

Потребни состојки: ½ векна вчерашен леб, 5 јајца, 5 лажици млеко, 1 прстофат сол, 1 прстофат куркума, 10 лажици пченкарно проино брашно (проја), 5 лажици сусам, масло за пржење

Постапка: лебот исечете го на колку можете потенки парчиња. Потребно е да биде постар, посув, за да може полесно да ги впива јајцата. Ова е одличен начин како да се потроши заостанатиот леб.

Во подлабок сад изматете ги јајцата, па додадете сол, куркума и млеко. Може да додадете и зачини по ваш вкус. Добро соединете.

Во друг сад измешајте ги сусамот и проиното брашно, во тава загрејте малку масло, па започнете со похувањето на лепчињата.

Најпрво лепчето натопете го изматените јајца, па во мешавината од брашно и сусам, па пржете го од двете страни додека убаво да зарумени. Уживајте во вкусот.

Фотографија и рецепт на Тања Џорџевиќ