Чистењето на дебелото црево е добро да го прави секој од нас. Во текот на својот живот, човечкото тело обработува околу 100 тони храна и 40.000 литри течност. Според статистичките податоци, за ова време во цревата се акумулираат до 15 килограми штетни материи и токсини.

Заклучокот е очигледен – тие го влошуваат нашето здравје. Ако имате слаб метаболизам, чести проблеми со запек, проблеми со бубрезите и црниот дроб, прекумерна тежина, лоша кожа, сомневање за артритис и дијабетес, тоа значи дека вашиот дигестивен систем не работи правилно.

Обидете се да си помогнете со овој народен лек кој има сто процентен резултат – а станува збор за комбинација од ленено семе и јогурт (или кисело млеко). Земете до три лажици ленено брашно на ден, а со тоа ќе го заштитите цревниот тракт од паразити, токсини и скаменети отпадоци. Овој оброк ќе помогне во стабилизирање на метаболизмот и нивото на холестерол, што значително влијае на телесната тежина.

Исчистете ги цревата и грижете се за вашето здравје!

Познато е дека лененото брашно помага и во лекување на болести како што се гастритис, колитис, чир на желудник и дуоденален улкус, ја ублажува дебелината. И, се разбира, ги чисти цревата! За вас подготвивме курс за прочистување од 21 ден, по што вашиот дигестивен систем ќе работи како часовник. Многу е едноставно: сè што ви треба е ленено брашно или ленено семе и јогурт. Треба да ги измешате во правилни пропорции.

  1. недела (1-7 дена): Измешајте 1 лажица брашно од ленено семе и 100 мл јогурт.
  2. недела (8-14 дена): Измешајте 2 лажици брашно од ленено семе и 100 мл кисело млеко.
  3. недела (15-21 ден): Измешајте 3 лажици брашно од ленено семе и 150 мл јогурт.

Се конзумира на празен стомак пред појадок. За време на курсот ќе треба да пиете најмалку два литра вода на ден. Исто така, постапката за прочистување се препорачува не повеќе од еднаш годишно.

Која е врската помеѓу чистењето на дебелото црево и слабеењето

Можеби се прашувате зошто треба да го исчистите дебелото црево за да изгубите вишок телесна тежина. Она што е познато како „отпадни производи“ може да застои и да се наталожи во цревата и да се чувствувате подуени и лошо.

Обично ова се случува ако вашиот дневен внес е неурамнотежен, доколку јадете премногу тешка храна што содржи бело брашно, рафиниран шеќер и маснотии, по што чувствувате болки во стомакот, непријатност, зголемување на телесната тежина, алергии, тешко варење и бавен метаболизам.

Од моментот кога ќе одлучите да го исчистите дебелото црево за да изгубите на тежина или да се ослободите од сите отпадоци, треба да ја промените вашата исхрана и да вклучите повеќе здрави производи (овошје, зеленчук, интегрални житарици, ореви и друга храна, кои се богати со растителни влакна).