ПОГАЧА СОНЧЕВ ЦВЕТ…Секогаш ја правам за Велигден и Божиќ, а често и за викендите…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Добриана Димова):
42 г свеж квасец
500 мл млеко
2-3 лажици јогурт или кисело млеко
3-4 јајца (2 жолчки за премачкување)
1 лажица сол
1 лажица шеќер
5 лажици масло
1 лажица оцет
100 г путер
околу 1,2 кг обично брашно
ПОСТАПКА:
1.Во сад скршете ги јајцата и од вкупната количина одвојте 2 жолчки кои ќе ви бидат потребни за премачкување. Растворете го квасецот во топло млеко со шеќер. Кога ќе се активира, додајте јогурт, јајца, масло и оцет.
2.Соединете сè, а потоа постепено додајте брашно и сол. Замесете мазно тесто. Покријте го и оставете го да ферментира 1 час или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
3.Тестото нежно премесете го, па поделете го на 6 топчиња од по 200 г, 4 топчиња од по 100 г и 1 топче од 300 г. Оставете да одморат 10-тина минути покриени.
4.Земете едно топче од 200 г, посипете го со брашно и развлечете го во тркалезна кора. Премачкјате го со растопен путер и поклопете го со друга кора.
5.Последната кора не ја премачкувајте. Исечете 8 триаголници од купот. Секој триаголник притиснете го со стапче (за ражен) надолжно.
6.Фатете го за краците од двете страни на пошироката страна од триаголникот од најгорната кора и преклопете ги како да завиткувате бебенце.
7.Повторете го истото со следниот слој, преклопувајќи скалесто. Секој нареден слој кога ќе го опфаќате со прстите малку потегнувајте го за да се издолжат краците. Потпикнете ги краевите за убаво да се пакува.
8.Повторете го истото со сите 8 триаголници.
9.Тестото од 300 г развлечете го во голема кора. Отсечете по 1 см од двете подолги страни за да добиете правоаголен изглед. Од отсечените делови направете топче со големина на орев.
10.Премачкјате со путер и внимателно свиткајте ролат. Поставете го како прстен во средината на намастена тепсија.
11.Преостанатите 4 теста развлечете ги во кори со големина на плитка чинија. Секоја премачкјате ја со путер освен последната и наредете ги една врз друга.
12.Исечете 8 триаголници. Превртете го секој триаголник наопаку и повлечете го од остриот агол од првата кора (како да лупите банана). Повторете ја постапката со преостанатите три слоеви. Ќе добиете облик на кифла.
13.Преку прстенот наредете ги декоративните триаголници, со остриот врв кон средината.
14.Помеѓу наредете ги малите кифлички и со дрвено стапче притиснете ги во средината. Повторете го истото и со поголемите триаголници.
15.Во средината ставете го малото топче (орев). Покријте ја погачата и оставете ја на топло да нарасне, па премачкјате ја со жолчки во кои сте додале малку млеко (1-2 лажички). Декорирајте со сусам.
16.Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40-50 минути. Кога печете погачи премачкани со жолчки, во зависност од рерната, може пребрзо да почне да ви потемнува од горната страна.
Во тој случај, некаде на средината од печењето прекријте ја со парче алу-фолија (не ја затворајте, само прекријте) и довршете го печењето.
17.Печената погача додека е топла премачкјате ја со путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.