ПОГАЧА СО СУВО ОВОШЈЕ И ОРЕВИ…Додека се пече цела куќа мириса прекрасно…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
4 супени лажици шеќер
1 супена лажица сув квасец
400 мл млако млеко
2 јајца на собна температура
100 мл растително масло
720 г брашно +-
1 мала лажичка сол

И уште:
70+70 г путер за премачкување
2-4 раце микс од сечкани ореви и суво овошје
рендана кора од цитрус по желба

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите состојки освен брашното, па потоа постепено додајте го брашното со солта и замесете меко и нелепливо тесто. Месете 4 минути.

2.Покријте го и оставете го на топло да ферментира 1 час или колку што е потребно за убаво да го удвои волуменот.

3.Нежно премесете го и поделете го на 2 топки. Развлечете тенка кора од едното тесто и премачкјате го со 70 г омекнат путер.

4.Одозгора ситно изрендајте кора од лимон/лимета/портокал и распоредете 1-2 раце суво грозје, сечакно суво/кандирано овошје по ваш избор и ситно сечкани ореви. Потоа свиткајте во ролат.

5.Ролатот покријте го со кеса за да не се суши додека го работите другото тесто. Постапката повторете ја и со второто тесто.

6.Потоа, на едниот крај поставете го првиот ролат и свиткајте ја втората кора исто во ролат заедно со првиот. На овој начин ќе добиете еден „џиновски“ ролат, како двете кори да се сте ги виткале во продолжение една по друга.

7.Овој голем ролат пресечете го на половина надолжно, но на едниот крај не докрај, туку како две краци споени на еден крај.

8.Земете еден крак и започнете да го виткате како полжав, но од надворешна страна, и така виткајќи да завршите со крајот од вториот крак.

9.Големиот полжав ставете го во калап обложен со хартија на дното и намастен со путер на ѕидовите. Покријте го со кеса и оставете го на топло да ферментира 1 час и да го зголеми волуменот.

10.По изминатото време (по желба премачкјате го со малку млеко и масло или жолчка), па ставете да се пече во загреана рерна на 170 степени додека убаво да зарумени, 40-тина минути или прилагодете на вашата рерна.

Печениот колач по желба можете да го премачате со путер додека е врел (не мора). Кога ќе се олади посипете го со шеќер во прав. Видеото погледнете го ТУКА.