Погача со моцарела, брза, вкусна, одлична како мезе или како самостојно јадење. Рецепт и видео презентација на Амина Хусиќ – Погача со моцарела, се топи во уста. Оваа погача се приготвува многу лесно и едноставно, а што е најважно, освен што е брза, исто така е и многу вкусна.

Изненадете ги вашите најблиски, но и вашите гости. Пригответе ја погачата во првата пригода. Рецептот за оваа превкусна погача ни го испрати нашата драга пријателка Амина Хусиќ, за која таа има приготвено и видео. Во видеото можете да ја погледнете целата постапка.

Потребни состојки: 250 г брашно, 1,5 лажичка сув квасец, 2 супени лажици шеќер, ½ лажичка сол, 3 лажици растопен путер, 1 јајце и 125 мл млако млеко. За прелив: 1 јајце, 2 супени лажици путер, 1 чешне лук, 2 супени лажици млад кромид и 2 парчиња моцарела.

Постапка: Во 250 г брашно додадете 1,5 лажичка сув квасец, 2 супени лажици шеќер, ½ чајна лажичка сол, 3 супени лажици растопен путер, 1 изматено јајце, 125 мл топло млеко. Добро промешајте прво со шпатула, а потоа со раце. Тестото е многу меко и лепливо, па потребно е да се измеси додека да се одвои од ѕидовите на садот.

Префрлете го на набрашнета работна површина, нежно премесете го и формирајте топка. Префрлете го тестото во претходно обложена со хартија и малку намастена тепсија и прекријте го со проѕирна фолија. Оставете го да стасува околу половина час.

За премачкување: Изматете едно јајце во посебен сад, а во дриг сад измешајте, две супени лажици путер, истолчено 1 чешне лук и 2 супени лажици исечкано младо кромитче (зелени перца). Стасаното тесто малку истапкајте го со дланките како тесто за пица, само подебело.

Откако ќе ја формирате погачата, со остар но-ж исечете го на ленти со растојание од приближно 1,5-2 см, а потоа и на коцки (хоризонтални и вертикални ленти, не сечете премногу длабоко, туку, колку да направите џепови, за да можете да ги полните со моцарела).

Погачата премачкајте ја со изматено јајце, а потоа премачкајте ја со путер-смесата. Со помош на лажица направете “џепови” во кои ќе ставите исечкана моцарела. Ставете да се пече 20 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Целата постапка можете да ја видите во видеото ОВДЕ.

Прочитајте го и рецептот на Тања Стаменковска за – Погача Моцарела: мека како памук, вкусна, брзо се приготвува. Во оваа погача ќе се вљубите веднаш штом еднаш ќе ја вкусите. Фотографија и рецепт на Тања Стаменковска. Потребни состојки:

500 г брашно, 200 мл млеко, 100 мл вода, 100 мл масло, 1 јајце, 1 белка од јајце + 1 жолчка (одвоени), 20 г свеж квасец, 1 лажица шеќер, 1 лажичка сол. Постапка: Се дроби квасецот и му се додава шеќер, па се растопува во 100 мл млака вода и се додава малку брашно.

Се остава 10-тина минути на топло да се активира. Потоа се додава млако млеко, масло, јајцето, белката и малку сол, па со постепено додавање на брашното се замесува убаво средно меко тесто што не лепи на раце. Тестото се формира фо топка и малку се притиска со оклагија за да се добие форма на диск.

Се става во намастен плех бр.28. Одозгора се премачкува со жолчка и се пресекува како ѕвезда на 8 делови. Се остава вака да нарасне и пред печење во засеците се ставаат парчиња моцарела. Се пече на 200 степени околу 25 минути или во зависност од вашата рерна.

Прочитајте го рецептот и на Том Филос за погача со кашкавал, мека како помаук. Брза и едноставна погача со кашкавал, многу вкусна, мека како памук – чиста десетка. Му благодариме на Том Филос за прекрасните рецепти што ги споделува со читателите на НМД.мк.

Неговиот рецепт за погача со кашкавал, мека како душа, го приготвија нашите драги членки Елица Павлоска и Александра Шуманова, и ги споделија нивните фотографии од приготвените погачи.. Еве и јас ја направив погачата со кашкавал по рецептот на Том Филос…

Преубава е, секоја чест (не можам да ви опишам колку е мека) – ги сподели своите впечатоци Александра Шуманова во заедничката група НМД рецепти. Погачата – мора да признаеме дека е одлична. Според рецептот на Том Филос, браво мајсторе, млад човек со врвни рецепти.

Додека не го испробав рецептот, не сакав да коментирам – заклучува Елица Павлоска. Во продолжение прочитајте го рецептот и постапката за приготвување на оваа вкусна погача. Потребни состојки: 200 мл топло млеко, 10 г сув квасец, 1 јајце, 100 мл масло, 100 мл млака вода, 700 г брашно, 1 лажичка сол.

И уште ќе ви бидат потребни следните состојки: кашкавал за полнење, 1 жолчка + 2-3 лажици млеко за премачкуавње одозгора. Постапка: Во поголем сад измешајте 200 мл млако млеко, 10 г сув квасец (една кесичка), едно јајце, 100 мл масло за јадење и 100 мл млака вода.

Сите состојки измешајте ги, а потоа постепено додадете 700 г брашно. Матете со миксер за тесто, или со лажица, а потоа и со рака. Пред крајот додадете една лажичка сол. Месете додека да добиете мазно тесто кое не се лепи. Малку намастете го и оставете го покриено со проѕирна фолија да стасува 90 минути на собна температура.

Откако стасаното тесто ќе ја удвои својата величина, истресете го на набрашнета работна површина. Премесете го, формирајте топка, малку сплескајте ја со рацете и со помош на окладија развлечете кора со димензии на тепсијата во која ќе се пече. Тепсијата убаво намастете ја со путер, па кората префрлете ја во неа.

Исечете ја на коцки, покријте ја со кујнска крпа и оставете ја да стасува барем половина час на собна температура за да стане воздушеста, мека и да го удвои волуменот. На секој засек наредете долгнавести тенки ленти кашкавал по ваш избор. Пополнете ги сите празнини.

Одозгора премачкајте ја погачата со претходно изматена жолчка со малку млеко. По желба ако сакате наросете ја со сусам, ленено семе, ким, чиа семе, црно семе или семки по ваш избор. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.