ПОГАЧА МЕКА КАКО ПАМУК: Најлесниот начин, овој рецепт можат да го направат и почетници…Ако немате време за обликување на раскошни форми за да добиете погача која ќе биде кралица на секоја трпеза, секогаш сетете се на овој рецепт.

Без голема мака, со леснотија се добива ефектен облик, а почата е толку вкусна и мека, што секој ќе ви побара рецепт. Оваа погача има сосем малку сладок вкус, па ако сакате да ја правите со неутрален вкус, сменете го филот и ставете помалку шеќер. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 1 кесичка сув квасец (10 г), 3 лажици шеќер (60 г), 1/2 лажичка сол, 2 чаши млако млеко (400 мл), 50 г растопен путер, 1/2 мала чаша масло (100 мл), 1 јајце, 700 г брашно (6.5 чаши)

ЗА ФИЛ: 200 г брашно, 3 лажици (60 г) шеќер, 3 лажици сечкани ореви (25 г), 50 г путер или маргарин. За премачкување: 1 жолчка, 1 лажица масло

ПОСТАПКА: Во подлабок сад сипете го квасецот, шеќерот, солта и млакото млеко, па промешајте. Потоа додајте ги растопениот путер, маслото и јајцето на собна температура, па повторно промешајте.

Потоа започнете постепено да го додавате брашното додека мешате. Кога ќе стане компактно, замесете го со рака. Месете го неколку минути додека да се изедначи и да не се лепи за рака. Треба да биде средно меко.

Покријте го со капак или стреч-фолија, па оставете го на топло да ферментира еден час додека убаво да го зголеми волуменот.

За тоа време пригответе ја смесата за фил: во сад сипете брашно, шеќер и путер на собна температура. Смесата измешајте ја со рака. На крај треба да добиете „трошки“. Додајте ги сечканите ореви и промешајте.

Стансаното тесто премесете го, па на малку набрашнета површина развлечете го во правоаголна кора со дебелина од 5 мм. Исечете ги ивиците за да се израмни (а отсеченото тесто сочувајте го за подоцна). Преку цела површина премачкјате го со малку путер.

Рамномерно распоредете го филот на 2/3 од површината ка кората, а на остатокот направете дијагонални засеци под кос агол со широчина од 1-1.5 см. Не сечете докрај! Од страната со филот започнете да виткате ролат.

Свитканиот ролат внимателно префлете го во тепсија (30 см) претходно намастена со путер. Спојте ги краевите за да добиете прстен. Од претходно отсеченото тесто направете некоја декорација по ваш избор (не мора) и додајте ја врз погачата.

Покријте ја со стреч фолија и оставете ја да одмори на топло 15 минути. Премачкјате ја со изматена жолчка во малку масло и наросете ја со мелен афион или нешто по ваш избор. Ставете да се пече еден час во загреана рерна на 160 степени.

Ако забележите дека пребрзо ви заруменила одозгора (кај некои рерни), едноставно прекријте ја погачата одозгора со фолија и допечете ја. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Незаменлива на секоја празнична трпеза – ПУТЕР ПОГАЧА, толку лесна и едноставна за правење…“- ОВДЕ.

Незаменлива на секоја празнична трпеза – ПУТЕР ПОГАЧА, толку лесна и едноставна за правење…