Незаменлива на секоја празнична трпеза – ПУТЕР ПОГАЧА, толку лесна и едноставна за правење. Еве една идеја кога не знаете што да правите. Толку лесна и едноставна погача, а толку интересна.

Едноставна работа, во облик на сонце или цвет, а сите ќе бидат воодушевени од изгледот и вкусот. Погача која ќе ја краси вашата трпеза за претстојните празници. Топла препорака од вашата Аурора…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл млако млеко, 8 г сув или 25 г свеж квасец, малку шеќер, 1½ лажичка сол, 1 супена лажица бел оцет 9%, 800 г брашно, 2 јајца, путер за премачкување, сусам за посипување на погачата.

Печете на 180°C (360°F) 35 минути. Поделете го тестото на 11 еднакви топчиња, приближно 110-111 g секое топче. Еве како се подготвува:

ПОСТАПКА: Во 400 мл млако млеко сипете 1 кесичка сув квасец, 1 лажица шеќер и 3 големи лажици брашно, 1.5 лажичка сол, 1 лажица оцет, 2 јајца на собна температура, па сето добро промешајте го со лажица.

Кога ќе добиете густо и мазно тесто, а состојките ќе се растворат, започнете постепено да додавате брашно. Кога тестото ќе згусне и ќе стане компактно, продолжете со рачно месење и префрлете го на работна површина.

Штом се измазни и престане да се лепи за рака престанете со додавање на брашно. Приближно ќе ви бидат потребни 800 г брашно. Ставете го во сад, покријте го со фолија и крпа и оставете го на топло место да ферментира додека да го удвои волуменот.

Потоа истресете го на работна површина и поделете го на 11 приближно еднакви делови. Обликувајте топчиња и оставете ги настрана покриени да одморат 5 минути за полесно да се развлекуваат.

Секое топче развлечете го во тенка кора со големина на мала чинија, а одозгора премачкјате со малку путер. Од центарот направете засек и оттука започнете да ја диплите кората како лепеза.

Остриот крај малку притиснете го со прстите за да добиете облик на триаголник-лепеза, па поставете во тепсија (30 см) обложена со хартија за печење. Постапката повторете ја со  10 топчиња тесто, а 11. поставете го во центарот на погачата.

Погачата премачкјате ја со изматено јајце и наросете ја со сусам. Оставете ја малку да одмори додека се загрева рерната на 180 степени, па печете ја приближно 35 минути или додека да зарумени.

Додека е врела веднаш премачкјате ја со малку путер и оставете да подизлади пред послужување. Покачата е мека како душа и се двои на листови. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.

За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „СВЕЧЕНА ПОГАЧА СО 2 ЈАЈЦА: Ја направив за час, рецептот е многу лесен“ – ОВДЕ.

СВЕЧЕНА ПОГАЧА СО 2 ЈАЈЦА: Ја направив за час, рецептот е многу лесен