Поедноставно отколку што замислувате…Брилијантен рецепт за мезе од лиснато тесто. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 г лиснато тесто
200 г крем за сирење
15 г рендан лук
80 г фета сирење
100 г рендан кашкавал
15 г ситно сечкан магдонос

И уште:
1 јајце за премачкување
100 г рендан кашкавал за посипување

За сос-мајонез
1 јајце
10 мл оцет
10 г чили сос
10 г кечап
8 г сол
4 г црн пипер
150 мл масло

ПОСТАПКА:

Лиснатото тесто со правоаголна форма отворете го врз лист хартија за печење и уште малку развлечете го со оклагија. Едно-две чешниња лук изрендајте врз крем сирењето и помешајте.

Со овој намаз премачкјате го лиснатото тесто преку цела површина, а потоа одозгора посипете ситно фета сирење (или какво имате), рендан кашкавал и ситно сечкан магдонос.

Внимателно свиткајте ја кората во ролат.

Потоа исечете го ролатот на парчиња дебели од приближно два прста и наредете ги исправено во плех обложен со хартија за печење.

Одозгора премачкјате ги со едно изматено јајце и посипете ги со ситно рендан кашкавал. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 25 минути или додека да заруменат.

Додека се печат печивата, направете го сос-мајонезот. Сите наведени состојки ставете ги во висок, а тесен сад и со рачен блендер изматете го мајоинезот почнувајќи од најдолу, па постепено како ќе се згуснува, подигнувајќи го нагоре.

Превкусните печива послужете ги со овој убав сос. Деталите од целата постапка погледнете ги ОВДЕ.