ПЛЕТЕНКИ МЕКИ КАКО ПАМУК…Ги правам речиси секој ден, не само за празник…многу се вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 јајца на собна температура
4 лажици шеќер
5 г ванила
200 мл топло млеко
200 мл топла вода
12 г сув квасец
900 г брашно
2 лажички сол
4-6 лажици масло

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги сите состојки со квасецот, па започнете постепено да го додавате брашното (најдобро просеано) со солта. Измешајте со лажица па додајте малку масло и месете го додека да стане компактно, средно меко и мазно.

2.Тестото поделете го прво на два дела, а потоа секој дел поделете го на три дела. Обликувајте топчиња, покријте ги и оставете ги да одморат 15 минути.

3.Земете едно топче и со оклагија развлечете го во долгнавеста, овална кора и по должина свиткајте ја во ролат.

4.Направете три вакви краци, спојте ги на едниот крај, па сплетете ги во плетенка.

5.Повторете ја постапката и со втората плетенка. Плетенките ставете ги во плех обложен со хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да ферментираат 40 минути.

6.Премачкјате ги со жолчка во која сте додале лажица млеко, па посипете ги со сусам. печете ги во загреана рерна на 190 степени, 25-30 минути. печените плетенки премачкјате ги со путер. Постапката погледнете ја ОВДЕ.