ПИТУЛИЦИ СО СИРЕЊЕ…Многу лесен и брз рецепт за фантастични печива…меки и меурести…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 мл млеко
1 јајце
1 лажичка сол
1 лажичка шеќер
450 г брашно
1 лажичка прашок за печиво

За фил:
500 г ситно сирење или урда
3 јајца

ПОСТАПКА:

1.Измешајте го јајцето со млеко, сол и шеќер. Додајте брашно помешано со рашок за печиво и замесете меко нелепливо тесто. Покријте го и оставете да одмори 30 минути.

2.Сирењето помешајте го со јајца и посолете по вкус. Тестото поделете го на 10 топчиња. Секое топче развлечете го во тенка кора и филувајте го со сирење.

3.Преклопете ја кората и со прстите затворете ги краевите за да не истекува филот.

Питулиците пржете ги во умерено загреано масло додека да заруменат од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.