ПИТУЛИЦИ СО СИРЕЊЕ…Меки како памук и многу вкусни…За појадок или вечера – омилени…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
700 г брашно
500 мл кефир или јогурт (на собна Т)
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
1 лажичка сода бикарбона

За фил помешајте:
700 г урда
3 јајца
сол по вкус

ПОСТАПКА:

1.Во кефирот растворете ги шеќерот, солта и сода бикарбоната, па со постепено додавање на брашното замесете средно меко тесто кое не се лепи.

2.Потоа истресете го на набрашнета површина и поделете го на 16 топчиња.

Секое топче развлечете го во тенка кора, ставете фил и преклопете го со друга кора.

Спојте ги краевите за да не истекува филот. По желба направете витки.

3.Подготвените питулици пржете ги во умерено загреано масло додека да зарумени од двете страни.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.