Ровко тесто со путер и мирис на ванила, фил од јаболка со цимет кој е прекриен со друг фил од јогурт со суво грозје…Доволно ви ја опишав оваа пита. Само да додадам, вкусот е фантастичен, секој залак е неодоливо вкусен. Рецепт на Верица Николиќ.

пита со јаболка и јогурт – Верица Николиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА: 3 жолчки, 1 прстофат сол, 80 г шеќер во прав, 70 г растопен путер, 2 лажички екстракт од ванила, 200 г брашно, 2 лажички прашок за печиво.

ФИЛ СО ЈАБОЛКА: 500 г кисели јаболка, 60 г шеќер, 2 лажици свежо исцеден лимонов сок, 1 лажица густин, цимет во прав по вкус. ЗА ФИЛ СО ЈОГУРТ: 3 белки, 1 прстофат сол, 140 г шеќер, 400 г густ (грчки) јогурт (или кисела павлака), 40 г густин, 2 лажички екстракт од ванила, 100 г суво грозје




ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ФИЛОТ: Најпрво пригответе го филот од јаболка за да има време да се олади. Од јаболката само извадете ја средината со семето, па заедно со кората исечкајте ги на коцки (не премногу ситни, со големина на половина залак). Потоа ставете ги во подлабок сад и прелијте ги со лимоновиот сок и промешајте.




Потоа наросете ги со шеќер, повторно промешајте и оставете ги да отстојат пет минути. Потоа наросете ги со густин, промешајте и ставете да се готват на средна температура. јаболката постојано мешајте ги. Кога ќе испари сета течност што ја испуштиле јаболката, садот тргнете го од оган и оставете да се олади.

пита со јаболка и јогурт – Верица Николиќ




ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА КОРАТА: Калап за обрач со величина од 23 см (може и поголем, ќе добиете пониска пита) обложете го со хартија на дното, а на страните да биде повисока за 2-3 см од ивицата на калапот. Жолчките ставете ги во сад за матење. Додајте прстофат сол и шеќер во прав. Изматете со жица за матење.




Додајте го растопениот путер, екстракт од ванила и соединете на крај додајте мешавина од брашно и прашок за печиво. Со лажица сето добро соединете го и оставете го тестото да одмори 2-3 минути (не треба да се покрива). Потоа со набрашнети раце (бидејќи тестото е малку лепливо) префрлете го на малку набрашнета работна површина.




Од вкупното тесто одвојте една третина, завиткајте го тој дел во проѕирна фолија и оставете го половина час во замрзнувач. Остатокот од тестото ставете го во средината од приготвениот калап и со рацете формирајте кора и подигнете 3 см формирајќи ги страниците на кората.

пита со јаболка и јогурт – Верица Николиќ




ПОСТАПКА ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ НА ФИЛОТ СО ЈОГУРТ: Белките ставете ги во соодветен сад, додајте прстофат сол и со постепено додавање на шеќерот изматете ги во цврст снег. Во друг сад ставете го густиот јогурт, густинот и екстракт од ванила. Со шпатула соединете ги состојките. Постепено додавајте го снегот од белки во јогуртот.

пита со јаболка и јогурт – Маја Шмит




Многу е важно постепено да се додава снегот и нежно да се меша со превртување на шпатулата од долу кон горе, за да остане смесата воздушеста и пенлива. На крај додајте го сувото грозје и само малку промешајте за да се распореди еднакво низ смесата. Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.




Преку формираната кора излејте го изладениот фил од јаболка и израмнете со лажица. Преку јаболката распоредете го филот со јогурт. Најпосле, преку јогуртниот фил на крупно изрендајте го смрзнатото тесто. Ставете ја питата да се пече 40 минути.Ако е потребно, при крајот од печењето питата прекријте ја со алуминиумска фолија (јас не ја покривав).




Печената пита оставете ја половина час да отстои во калапот, па тргнете го обрачот и хартијата, па питата префрлете ја врз десертна чинија. Ако сте нестрпливи (како што бевме ние) можете веднаш да ја исечете, иако најдобро е да се остави во фрижидер еден час, па дури потоа да ја сечете. Изборот е ваш… На здравје сладење. Рецепт на Верица Николиќ.