ПИТА-ПОЈАДОК од гриз и вода…Многу вкусно и топло и ладно… Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
3 чаши брашно
1 чаша гриз
1 лажичка прашок за печиво
300 мл вода
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
И уште:
150 г растопен путер
ПОСТАПКА:
Од наведените состојки замесете фино, средно меко тесто кое не се лепи на рака. Добро измесете го на работна површина за да стане еластично. Поделете го на 4 топки, намастете ги со масло и оставете да одморат 1 час.
Со рацете секоја развлечете во голема тенка кора, а потоа внимателно растегнете ја додека да стане проѕирна. Премачкјате ја преку цела површина со растопен путер, па здиплете ја на двапати како правоаголник и површината намастете ја.
Свиткајте во ролат, а потоа ролатот сплескајте го со дланката. Оставете ги да одморат 20 минути.
Потоа развлечете ги колку можете потенко, како питулица и печете ги во сува тава на ниска температура.
Постапката погледнете ја ОВДЕ.