Питата мора да ја пробате, многу е вкусна!

Потребни состојки: 500 г брашно, 1 прстофат сол, 20 г квасец (1/2 свеж), 1 лажичка шеќер, 100 мл вода, 200 мл млеко, 2 јајца и 120 г маргарин. За фил: 500 г ситно сирење, 2 јајца, 1 шолја јогурт. За премачкување: 1 жолчка и сусам за наросување

Постапка: Во млака вода измешајте шеќер и квасец, па откако ќе се растворат, оставете 10-тина минути на топло да се активира и запени. Брашното просејте го, додадете сол, јајца, маргарин, млеко и на крај активираниот квасец.

Замесете го тестото со рака, покријте го со крпа и оставете го на топло да се удвои. Стасаното тесто премесете го и поделете го во 6 еднакви дела. Сите состојки за фил соединете ги и измешајте да се изедначи смесата.

Едно топче развлечете во кора со величина на тепсијата (плехот) во која ќе се пече. Префрлете ја кората во намастената тепсија. Премачкајте ја со дел од филот и продолжете ја постапката со останатото тесто, водејќи сметка да ви остане фил, односно, еднакво да биде распореден.

Завршете најодозгора со последната кора. Премачкајте со жолчка и наросете со сусам. Погачата засечете ја на осмини и оставете ја уште 10-тина минути да отстои. За тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 250 степени.

Штом ја ставите погачата да се пече, намалете на 200 степени. Печете ја околу 40-50 минути или додека убаво да зарумени, а ако има потреба прекријте ја со хартија за да не изгори одозгора (половина час пред крајот). Погачата послужете ја топла.