Пита пастрмајлија за ручек – превкусна! Излегуваат две големи пити од плехот во рерна

Фото и рецепт: Даница Данче Стојева

Рецептот ни го претстави нашата драга Данче Стојева во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

400 г брашно
1 лажичка сол
½ свеж квасец активиран
малку масло
200 мл млака вода
2 стека маринирани во млеко и масло, зачинети со сув зачин, црн пипер и малку црвен пипер.

Постапка:

Најпрво се активира квасецот: се раствора во малку млака вода со лажичка шеќер и малку брашно, се меша смесата да се изедначи и се остава 10-тина минути на топло да запени.

Потоа со останатите состојки се замесува меко и лепливо тесто. Се остава да стасува половина час.

Потоа на добро напрашнета работна површина тестото се формира во вид на ваљак, како лепче, па се сече надолжно да се добијат два дела.

Со набрашнети раце се формираат питите кои се префрлаат во набрашнет плех.

Се редат со мали парчиња месо. Јас ставив стек кој го маринирав од претходната вечер, по еден стек за секоја пита.

Врв вака формираните пити се ставаат парченца маст или маргарин и се печат 10-тина минути во загреана рерна на највисока температура. Пред крајот се наросуваат со рендан кашкавал и се враќаат колку тој да се растопи.

Штом се вадат питите, краевите им се премачкуваат со маст или маргарин, па се покриваат со најлон кеса за да омекнат. Потоа се меки како душа и после 10-тина минути може да се јадат.

Фото и рецепт: Даница Данче Стојева

Претходна статијаВиткан и декоративен зелник со урда, спанаќ или блитва – прсти да излижеш!
Следна статијаЗа ова не ви е потребна операција: Како да ја отстраните валгусната деформација на палецот и отечените зглобови