Пита мафини, одвнатре сочни и гужвани со сирење –се прават многу брзо, за 10 минути

Пита ко и секоја друга пита. Но, вака малечки се многу згодни, па често ги правам за пикник или кога имам гости. Одвнатре се сочни и гужвани. Корите се сечат на ленти… Се прават за многу кратко време! Идеални за разни пригоди, појадок, ужина…

Потребни состојки:

500 г кори за пита
400 г сирење
3 јајца
1 лажица кисела павлака
100 мл масло
100-200 мл млеко (зависи колку е сочно сирењето)
½ лажичка сол или повеќе
½ кесичка прашок за печиво
малку сусам

Постапка:

Прво се приготвува филот: Во подлабок сад издробете го сирењето, додадете ги јајцата, 100 мл масло и 100 мл млеко.

Loading...

Доколку сирењето не е сочно, може да додадете 1-2 лажици кисела павлака, кисело млеко, јогурт или млеко.

Посолете во зависност од соленоста на сирењето и на крај додадете половина кесичка прашок за печиво. Промешајте убаво и вкусете за да проверите дали е доволно солено.

Готовите кори не ги одвиткувајте туку веднаш сечете ги на ленти со широчина од 1-2 см. Лентите од кори веднаш ставајте ги во садот со приготвената смеса и со помош на две виљушки промешајте добро за да се распореди смесата рамномерно со корите.

Со вака приготвената смеса полнете ги калапите за мафини. Одозгора наросете сусам, ленено месо, чиа или семки по ваш вкус.

Оставете да отстојат 10-тина минути, додека се загрева рерната на 200 степени, па ставете да се печат 40 минути (во подлабоки калапи, а ако се поплитки, тогаш се печат пократко време).

Треба убаво да заруменат. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...