Овој лесен колач идеален е за топлите денови, но исто така е одличен и за ладни денови покрај шолја чај. Останува свеж и мек уште неколку денови откако сте го приготвиле.

Одличен е и со сливи, а може да се користат и нектарини, марели, кајсии или вишни. Не е премногу сладок, има сладок вкус, а доколку го приготвите со сливи, тогаш е доста освежителен.

Потребни состојки: 3 јајца со средна величина, 100 г шеќер, 3 ванилин шеќер, 200 г путер омекнат на собна температура, 250 г меко брашно тип 450 или 550, 1 мала лажичка прашок за печиво. За фил: 1 кг праски

За прелив од кокос: 5 белки со средна величина, 1 лажица лимонов сок, 1 прстофат сол, 150 г шеќер, 150 г кокосово брашно, 1 лажица рум. Потребен е плех 34х34 см или слична домензија, а колачот се пече на 180 степени, 40 минути

Постапка: Во подлабок сад изматете три јајца, 100 г шеќер и една лажичка екстракт од ванила (или 3 кесички ванилин шеќер). Со миксерот матете 10-15 секунди, колку да се соединат шеќерот и јајцата.

Потоа додадете 200 г путер исечен на коцки и омекнат на собна температура и матете повторно 10-15 секунди колку смесата убаво да се поврзе.

Кога путерот целосно ќе се растопи, додадете 250 г брашно и една лажичка прашок за печиво. Матете со миксерот додека сите состојки убаво да се соединат. Кога ќе забележите дека миксерот потешко работи, исклучете го и продолжете да мешате со шпатула, додека да добиете убава мазна смеса во која нема остатоци од брашното.

Вака добиеното тесто рамномерно распоредете го на плех 34х34 см обложен со хартија за печење. Бидејќи јас немав плех со вакви димензии, смесата ја распоредив во големиот плех од рерна, но оставив празнина од приближно 5 см до крајот.

За фил: убаво измиените прадки излупете ги и извадете им ги семките. Потоа исечете ги на листови. Освен праски, може да користите кајсии, сливи или вишни. Наредете ги листовите овошје и пополнете ја целата површина на тестото. Оставете на страна додека го приготвувате преливот со кокос.

Во пет белки додадете 1 прстофат сол и изматете ги пенасто. Додадете една лажица лимонов сок и постепено додавајте го шеќерот додека да добиете цврст снег. Потоа додадете рум и кокосово брашно, па промешајте со шпатула. Жолчките остануваат неискористени (може да ги употребите за друг колач или за крем, сладолед…).

Оваа смеса распоредете ја врз овошјето и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 40 минути. Проверете со чепкалка дали е печен. Штом излади колачот можете да го сечете и да го послужите. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: