Овој колач се приготвува многу брзо и едноставно, додека трепнете ќе биде готов. Сите состојки се мешаат во еден сад, а после сѐ се мести во еден плех и одозгора само се наросуваат оревите и млекото. Откако ќе се испече колачот оставете го да олади, а потоа пресечете го на триаголни парчиња. Сочен е и многу вкусен, се топи во уста.




Овој колач всушност е многу сличен со слатките пити, со лесна коричка која минимално се чувствува при загризувањето. Оревовите колачи се едни од највкусните колачи кои порано ги подготвуваа нашите баби и мајки, а сега на ред останува да ја продолжиме и ние традицијата.




За овој колач потребно ви е кондензирано млеко за преливање врз оревите, но доколку не можете да најдете, оваа намирница може да ја супституирате со обичен крем за готвење и додавање на малку шеќер. Порано кондензираното млеко се приготвувало на традиционален начен, со часовно готвење на млекото, но денес може да се купи како готов производ, а има и нови, многу брзи рецепти за негова подготовка.

Кремот за готвење веќе има густа конзистентност како засладеното кондензирано млеко. Едноставно измиксајте 1 чаша густа-течна павлака за шлаг со ¼ чаша шеќер за да добиете кремаста и богата алтернатива. Можете да го користите овој крем како замена, 1:1 за засладено кондензирано млеко во било кој рецепт. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 100 г мек путер, 1/3 чаша шеќер (70 г) шеќер, прстофат сол, 1 јајце, 1 + 1/3 чаша (200 г) брашно, 200 г ореви ситно сечкани или сомелени во блендер, 1 конзерва (370 г) кондензирано млеко или 1 чаша крем за готвење (павлака) и 1/4 чаша шеќер. Како мерка се користи чаша од 250 мл.




ПОСТАПКА: Путерот омекнете го на собна температура минимум 1 час пред да го подготвувате колачот. Ставете го во еден подлабок сад, па кога ќе омекне додајте го шеќерот, солта во мекиот путер и изматете со миксер со средна брзина една до две минути додека сѐ да се соедини.




Смесата може да ја соединувате и со шпатула, но така е потешко. Кога ќе се добие мек крем додајте го јајцето (кое исто така треба да биде на собна температура) и измешајте додека сѐ да се изедначи.




Постепено измешајте го брашното во смесата, така што ќе го просејувате на неколку наврати. Во ова тесто не се додава прашок за печиво и квасец, бидејќи не треба да расте. Треба да добиете меко, но нелепливо тесто (ако вашето е многу лепливо, тогаш додајте уште малку брашно или ставете го во фрижидер половина час).




Замесете фино и меко тесто кое лесно може да го соедините со рака на набрашнета површина. На хартија за печење се развлекува тестото во тенок слој со дебелина од половина прст. Настрана подгответе си плех со флексибилен обрач (приближно, стандардните се со пречник од 26 см, може да користите и некој друг со слични димензии).




Тестото треба да биде 2-3 см поголемо од големината на плехот. Распоредете го тестото во плехот така што страните малку ќе се издигнуваат по флексибилниот обрач. Со виљушка направете мали потиснување на краевите, кои ќе изгледаат декоративно и ќе го држат тестото на краевите да изгледа како чинија.




Ставете сечкани ореви на тестото и распоредете ги со шпатула, па истурете го кондензирано млеко или изматениот крем за готвење со шеќерот и нежно израмнете. Печете во загреана рерна на 180-190 степени, 25-35 минути, во зависност од големината на рерната и тавата, додека се убаво да се испече. Целосно изладете го готовиот колач, па послужете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ.