Можеби ќе ве потсети на брауни колачињата, зашто по вкусот и изборот на состојките е многу сличен на нив, па сите љубители на чоколадни колачиња кои се топат во уста, како што е токму овој, ќе уживаат и ќе го обожаваат новиот десерт кој се приготвува со само 3 лажици шеќер.




Оние пак кои внимаваат на килограмите или пак се на некоја диета, можат слободно да ги изостават и овие три лажици шеќер, зашто доволно е и само чоколадото за готвење кое се користи за овој рецепт. Секако, препорака е да се користи некое квалитетно чоколадо со висок процент на какао. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за плех/калап 30х22 см): 200 г несолен путер/маргарин, 240 г црно чоколадо за готвење, 2 супени лажици шеќер или по вкус, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 4 јајца, 4 супени лажици гриз, 200 г брашно. Глазура (тенка, по желба): 80 г чоколадо за готвење, 60 г слатка павлака и 20 г путер




ПОСТАПКА: Чоколадото (240 г) искршете го на коцки и ставете го во длабока чинија, па растопете го во микробранова печка, или пак на пареа/на тивок оган. На ист начин растопете го и путерот кој не смее да ви зоврие.




Соединете ги чоколадото и путерот со кујнска жица-маталка додека да добиете изедначена, хомогена смеса. Во оваа комбинација додајте три супени лажици шеќер за вообичаено сладок вкус на колачите, но доколку сакате да го избегнете шеќерот, можете слободно да го прескокнете.




Додајте го и ванилиниот шеќер, промешајте, а потоа додајте четири јајца кои мора претходно да бидат отстојани на собна температура (ако се ладни ќе го стврднат путерот), а смесата од путер и чоколадо да биде сосем малку млака, не смее да биде врела (зашто ќе се сварат јајцата).




Изматете добро додека се соединат јајцата и целосно да се инкорпорираат во смесата, па дури потоа додајте 200 г брашно и четири супени лажици гриз. Во овој момент вклучете да се загрева рерната на 160 степени. Измешајте и изедначете.




Калапот во кој ќе го печете колачот (некој со средна величина 30х22 см) обложете го со хартија за печење. Истресете ја смесата во него, распоредете и рамномерно израмнете, па ставете да се пече половина час или пократко за посочен (20-тина минути). Оставете малку да подизлади, па пригответе ја глазурата:




ЗА ГЛАЗУРА: Во еден сад ставете 80 г чоколадо за готвење, 60 г слатка павлака и 20 г путер и растопете во микробранова или на пареа, па прелијте врз топлиот колач. Оставете да се олади на собна температура, а потоа и во фрижидер или ладна просторија, па сечете и послужете. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.