Рецепт и видео презентација на Тања од My Kitchen Tanja – Пита со сирење готова додека да трепнеш. Питата без кори, со сирење и компир е одлична идеја за брза вечера или појадок со малку калории и многу здрава, а едноставна и лесна за приготвување.

За да ја приготвите оваа брза, едноставна а многу вкусна пита, ќе ви бидат потребни следните состојки: 2 јајца, 1 мала лажичка шеќер, 1 мала лажичка сол, 200 мл млеко, 100 мл масло, 300 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 1 главица кромид, 2 пиперки (зелена и црвена), 100 г зелени маслинки, 1 домат, 100 г фета сирење, 1 компир, 200 г рендан кашкавал

Постапка: изматете две цели јајца со една мала лажичка шеќер. матете со жица маталка, па додадете 200 мл млеко, 100 мл масло, а во 300 г брашно додадете 1 мала лажичка сол, промешајте и постепено додадете го во изматените јајца, а на крај додадете еден прашок за печиво.

Добро изматете со маталката за да нема грутчиња, додека да добиете мазна смеса. Тргнете ја смесата на страна додека го приготвувате зеленчукот. Една главица кромид и исечкајте ја на ситни коцкички. Потоа двете пиперки исто така, исечкајте ги на ситни коцкички.

Маслинките кои ви се потребни околу 100 г, зелени и без семки, исечкајте ги на ситни тркалца. На крај еден поголем свеж домат оставете го да отстои некое време во врела вода за да можете потоа послесно да го излупите (или попарете го во врела вода, па веднаш ставете го во многу студена вода).

Доматете исчистете го од тврдиот дел, излупете го, па и него ситно исечкајте го. Вака ситно исечканиот зеленчук ставете го претходно приготвеното тесто и промешајте за да се изедначи смесата и рамномерно да се распоредат шарените коцкички. Мешајте со лажица или шпатула.

На крај во смесата промешајте и 100 г фета сирење исечкана на коцки. Убаво промешајте со соединете. Плех со димензии 25х33 см или приближно намастете го со малку масло на дното и страните, па во него излејте ја приготвената смеса, распоредете и израмнете.

Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Еден компир со средна величина излупете го и изрендајте го, измијте го и добро исцедете го од неговите сокови, па наросете го врз питата. Со помош на виљушка рамномерно распоредете го преку целата површина.

На крај врз питата наросете 200 г рендан кашкавал по ваша желба. Вака приготвената ставете ја да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 40-45 минути или додека убаво да зарумени одозгора. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Прочитајте го и вториот рецепт: Шпанска царска пита, толку е вкусна што децата веднаш ја јадат и бараат уште. Многу лесна и брза подготовка. Одлична е за брз појадок или вечера, а може да се послужи и како топло или ладно предјадење. Превкусна е.

Потребни состојки: 4 белки, 4 жолчки, 350 мл јогурт, 100 мл масло, 1,5 лажичка сол, 150 г брашно, 1/2 прашок за печиво, 150 г палента, 150 г сирење, 3 лажица кисела павлака, 100 г морков, 100 г кисели краставички, 150 кашкавал, 200 г шунка. За наросување: сусам.

Постапка: Морковите сварете ги и исечкајте ги на коцки. Исто така, исечкајте ги киселите краставички, шунката и кашкавалот, а сирењето издробете го. Се матат белките во цврст снег па се додаваат жолчките и заедно се матат со миксер. Потоа се додава јогуртот, маслото и сол.

На крај се додава брашното измешано со прашок за печиво и палента, па се меша со лажица или силиконска шпатула. Постепено се додаваат останататите состојки: дробено сирење, кисела павлака, ситно исечканите моркови, краставички, кашкавал и шунка.

Добиената истурете ја во плех или тепсија со средна величина, обложен со хартија и ставете на печење во претходно загреана рерна на 200 степени околу половина часили додека убаво да зарумени. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.