ПИРОШКИ СО МЕСО…Повкусни од пита, не се масни, а многу се меки и вкусни…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Тесто:
250 мл топла вода
сув квасец 12 гр
шеќер 1 лажица масло
сол 1 лажиче
растително масло 40 мл
брашно 450 г

За фил (измешајте ги состојките):
400 г варено месо, сомелено
1 главица кромид, сечкана и испржена
100 мл од водата во која се варело месото
зачини по желба

ПОСТАПКА:

1.Замесете тесто од наведените состојки (5-7 минути), покријте го и оставете го на топло место 30 минути. Потоа малку премесете го и оставете уште 30 минути убаво да ферментира. Тестото е меко и сосем малку лепливо, но не додавајте повеќе брашно.

2.Потоа поделете го на 10-12 делови. Обликувајте топчиња и оставете 5 минути да одморат. Потоа развлечете ги во правоголна кора. На едната страна ставете фил, затворете ги двете страни за да не истекува филот, па свиткајте како ролат.

3.Со прстите затворете ги краевите на тестото. Пирошките оставете ги 5-10 минути па пржете ги во умерено загреано масло додека да зарумени од двете страни. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=nVJM7zqNNrI