ПИПЕРКИ ЗА ЗИМНИЦА…Едноставен рецепт кој може да се примени и на корнишони, зелени домати…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 10 кг пиперки):
200 мл оцетна киселина (есенција)
6 литри вода
200 мл масло
150 г шеќер
150 г сол
ПОСТАПКА:
1.Пиперките исчистете ги, добро измијте ги, а потоа избоцкајте ги со готвачка игла, игла за плетење или со стапче за ражен.
2.Раствор: сите потребни состојки измешајте ги во тенџере, па кога ќе зоврие додајте ги пиперките и секоја превртете ја на едната и другата страна по 2-3 минути.
3.Потоа пиперките наредете ги во врели стерилизирани тегли и залијте ги со течноста во која се вареа.
4.Наполнетите тегли ставете ги во некоја кутија обложена со ќебе или друга ткаенина, па поклопете ги со мали чинии наместо капаци. Вака оставете ги целосно да изладат.
5.Потоа дополнете ги со течноста ако е потребно, цврсто затворете ги со капаци претходно натопени во алкохол. На истиот начин за зимница може да се приготват и феферони, корнишони, зелени домати…