РЕЦЕПТ БР. 1. Пиперка за зима – салата во тегла со неодолив вкус! Мирисот на печени пиперки ме асоцира на зимница која обожавам да ја подготвувам и секогаш со нетрпение го чекам тој период.
Секоја година експериментирам со некои нови рецепти, но не ги менувам старите – докажани. Ова е еден од оние рецепти кој секоја година се подготвува повторно и повторно со многу љубов. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 кг пиперка, 1 главица лук, половина китка магдонос, 2 лажици сол, 200 мл оцет 9%, 80 мл масло. Од оваа количина добив 4 тегли.
ПОСТАПКА: Свежите пиперки испечете ги во рерна, на скара, на шпорет или на плотна. Покријте ги во тенџере со капак или во кеса и оставете ги да се изладат, па излупете ги, исчистете ги од стебленцата и семките и исечкајте ги на мали коцки или ленти.
Лукот исчистете го, ситно исечкајте го и додајте го во садот со сечканата пиперка. Додајте го сечканиот магдонос како и останатите состојки. Измешајте и сипете во чисти тегли. Затворете ги теглите со дезинфицирани чисти капаци и ставете ги во тенџере кое на дното има памучна крпа.
Сипете млака вода, а биде речиси до капаците (два прста над водата). Потоа ставете го на шпорет и вклучете ја температурата на средна, а по потреба намалете ја. Водата треба да струи, не да врие.
Гответе околу половина час до четириесет минути на тивок оган и потоа извадете го од шпоретот. После тоа оставете ги теглите да се изладат во таа вода, избришете ги и чувајте ги на ладно и темно место.
Повеќе детали погледнете во видеопрезентацијата ОВДЕ. За повеќе рецепти заследете ја NMD.mk, лајкнете ја и споделете ја нашата страница. Следно прочитајте: „Надалеку прочуената македонска везенка-пиперка пригответе ја во тегла за зимница“ – ОВДЕ.
Надалеку прочуената македонска везенка-пиперка пригответе ја во тегла за зимница