ПИПЕРКИ СО ЛУКЧЕ: Според мене ова е најдобриот рецепт за АЛ ДЕНТЕ пиперки за зимница

„Сигурна сум дека кога еднаш ќе ги испробате пиперките на овој начин, не само што цело лето ќе ги приготвувате, туку и следната година нема да заборавите да си ги обезбедите, за да ги имате во резерва, постојано“, вели Сузана за НМД.мк

Потребни состојки: 5 кг црвени пиперки, 2 главици лук. За прелив: 250 мл вода, 250 мл масло, 250 мл ал-кохолен оцет 9%, 250 г шеќер, 100 г сол, 1 поголема китка свеж магдонос, 2 моркови. И уште: 5 г конзерванс (ако е за зимница и ако не правите пастеризација) и црн пипер во зрно

Постапка: пиперките убаво измијте ги, исцедете ги/пребришете ги, па отстранете им ги дршките и семето, исто како кога ги подготвувате за полнење. Магдоносот измијте ги и исечкајте го, не премногу ситно.

Морковите добро измијте ги, па истругајте ги или излупете ги со ноже за компири, па исечете ги на тркалца, не премногу тенко ниту дебело, приближно да бидат околу 2-3 мм дебелина, пишува НМД.мк

Во едно тенџере кое има пречник колку и најдолгата пиперка (значи да ги собира по долж пиперките), ставете ги сите потребни состојки кои се наведени за преливот, и вклучете ја ринглата на најсилно, за да зоврие смесата.

Штом зоврие, намалете ја температурата (кај мене тоа беше на бр 2 од скала 1-3) и започнете со „бланширање“ на пиперките, односно кратко да ги потопувате во приготвената течност.

Доволно е во течноста која постојано врие (на умерено) пиперките да останат 2-3 минути, само колку да ја променат бојата. Извадете ги со решетката лажица, почекајте неколку секунди врз тенџерето да се исцедат, па редете ги во друго тенџере со капак.

Не ги ставајте сите пиперки одеднаш да се „бланшираат“, туку тоа направете го во неколку наврати, колку што собира тенџерето. Како ги вадите, така ставајте ги во другото тенџере и веднаш поклопувајте ги.

Во ова тенџере треба да отстојат следните половина час, а за тоа време таман ќе омекнат, колку што е потребно да станат флексибилни и да се подвиткуваат, без да се кршат.

Значи, постапката повторувајте ја додека да ги „избланширате“ сите пиперки. Потоа, по изминатото време започнете да ги редите пиперките во претходно стерилизирани тегли.

За да не ризи-кувам и да не ми се расипе зимницата затоа што немам студен подрум, јас ставам конзерванс, а вие ако сакате изоставете го. На дното од секоја тегла ставам сосем по малку.

Редењето во теглите е следно: малку конзерванс, магдонос, ситно сечкан лук или по желба, и вака повторувајте на секои два реда пиперки, и со тоа завршете. Повремено ставајте и тркалца морков.

Од оваа количина пиперки и „зајре“ би требало да наполните три тегли, односно вкупн 7 литри. Теглите залијте ги со преливот кој преостанал. Додека заливате, протресувајте ја секоја тегла за да излезе заро-бениот воздух.

Вака приготвените тегли покријте ги со чинивчиња или тацни и оставете ги да преноќат и да се оладат. Преливот што ќе ви остане не го фрлајте, туку додајте следното утро во теглите доколку забележите дека нивото на течноста опаднала.

Потребни е пиперките до врв да бидат прелиени со течноста. Најголемите пиперки оставете ги за последниот ред за да ги држат сите останати под преливот, или пак доколку имате пластични решеткасти потиснувачи, користете ги нив.

Теглите пребришете ги за да бидат чисти од надворешна страна, па затворете ги со целофан, а преку целофанот затворете со метален капак или што си ставате вие.

СОВЕТ: Течноста од преливот мора постојано да врие додека во нив ги ставате ладнате пиперки, па кога ќе ги ставате тие ја оладуваат течноста, па мора постојано да ја контролирате температурата, односно да засилувате и намалувате.

Пиперките излекуваат како „барени“, но доволно се цврсти да ги осетите под заби, односно да бидат „ал денте“, а притоа да не се тврди ниту жилави. На здравје! Рецептот одамна видов на сооlinarika и оттогаш редовно го применувам.

Претходна статијаАко сте решиле на дебелината да и ставите крај, еве како половина лимон ќе ви помогне во тоа
Следна статијаОва е најдобриот лек за желудник, а спречува и згрутчување на крвта