Со супа или салата, одлична идеја за ручек!

Потребни состојки: 500 г пилешко филе, 750-800 г компир, сув зачин, црн пипер, 2 јајца, 200 мл кисела павлака, 50 мл масло и 20 г путер

Постапка: Компирот излупете го, измијте го и исечкајте го на тенки плочки со дебелина од половина центиметар. Посолете ги малку и наросете со сув зачин и црн пипер во прав.

Пилешкото месо исто така, исечете го на тенки шницли и зачинете ги со сол, сув зачин и црн пипер.

Огноотпорниот сад или некој друг пекач, намастете го со путер. На дното рамномерно наредете зачинет компир и наросете го со малку масло.

Преку компирот наредете ги пилешките шницли, а потоа садот покријте го со капак или алуминиумска фолија.

Ставете да се пече околу 35 минути во претходно загреана рерна на 200 степени. Потоа садот извадете го од рерна.

Тргнете ја фолијата или капакот. Изматете ги јајцата со павлаката и со тоа прелијте го јадењето. Вратете го во рерна без капак да се допече уште 15-тина минути на температура од 180 степени, додека убаво да зарумени.

Јадењето е готово за послужување. Со некоја супа или салата, ова е одлична идеја за ручек!