ПИЛЕШКИ ЏИГЕР ВО МНОГУ ВКУСЕН СОС: за 15 минути, не можеш да престанеш да јадеш од што е вкусно

ПИЛЕШКИ ЏИГЕР ВО МНОГУ ВКУСЕН СОС: за 15 минути, не можеш да престанеш да јадеш од што е вкусно. Во продолжение може да прочитате три извонредни рецепти за подготовка на пилешките џигерчиња, а вие одлучете кој ќе го приготвите.

РЕЦЕПТ 1: Пилешкиот џигер често го подготвувам за ручек, но секогаш го правам на различен начин за да пробаме нешто ново. Овој пат го спремив вака.. Потребни состојки: 300 г пилешки џигер, малку брашно, сол по желба и 50 мл масло.




Постапка: Пилешкиот црн дроб измијте го и добро исушете го за да не остане влага. Загрејте го маслото во тава, наросете го црниот дроб во брашно и спуштете го на врелото масло. Намалете ја температурата на средно, поклопете со капак и динстајте 5 минути.




Потоа посолете свртете од другата страна и поклопете и динстајте уште неколку минути на најниска температура. Внимавајте да не изгори по солењето. Послужете со зеленчукова чорба или како мене овој пат со компири. / Coolinarka.com




РЕЦЕПТ 2: Пилешки џигер во многу вкусен сос. Потребни состојки: 1 г пилешки џигер, 200 мл црвен вински оцет, 200 мл масло, 10-15 чешниња лук, 1 китка магдонос и сол.




Постапка: Џигерот се сечка на тенки парчиња и се остава во сад да отстои неколку часа. Во садот се става масло за готвење и вегета. Потоа џигерот се пржи во тава на тивок оган. Откако ќе се испржи, се става во една голема чинија.




Се прави прелив, во тенџере се мешаат 200 мл вински оцет со 200 мл масло, се додаваат ситно сечкани магдонос и лук, сето тоа се зоврива на рингла и се прелива врз пржениот џигер. Џигерот се сервира со гарнир од печени млади компири.




РЕЦЕПТ 3: Еден многу убав, брзински и вкусен ручек со пилешки џигерчиња. Евтин и брз ручек, прсти да излижеш! Потребни состојки: 500 г пилешки џигер, 2 главици црвен кромид, 2 чешниња лук, 2 жолти пиперки, 2 црвени пиперки, 50 мл доматен сос, 50 мл црно вино, 2-3 лажици брашно, 1 лажичка црвен пипер во прав, сол, сув зачин, црн пипер, магдонос.




Постапка: Пилешкиот џигер извалкајте го во брашно и пропржете во загреано масло додека да зарумени. Потоа џигерот тргнете го настрана во некој сад и поклопете го за да остане топол.




Кромидот и лукчето ситно исечкајте ги, а пиперките исчистете ги од семето и исечете ги на коцки. Во истото масло во кое се пржеше џигерот пропржете го прво кромидот, малку посолете го, додајте ги пиперките и лукот, па динстајте на умерена температура додека зеленчукот да омекне.




Потоа додајте црвен пипер во прав, брзо промешајте, додајте доматен сос и црно вино и околу 100 мл топла вода. Оставете да крчка 1-2 минути. Потоа во садот вратете го пржениот џигер, по потреба додадете уште малку врела вода, во зависност од густината која ја сакате.




Посолете, запиперете и ставете сув зачин по вкус, па гответе уште 10-тина минути на умерено со повремено мешање. На крај додајте сечкан магдонос. Настрана сварете палента и во неа додајте малку путер, па сервијате како прилог со џигерот во сос.

Претходна статијаПОСТОИ ПРИЧИНА ЗОШТО НЕ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕТЕРУВА: После ова сознание, мандарините нема повеќе да ги гледате со исти очи
Следна статијаСекој ден пијте по една чаша од овој евтин сок и вашиот црн дроб ќе биде како нов – ги чисти артериите и ги штити белите дробови