Home Рецепти Пикантно макало со грав

Пикантно макало со грав

Ова макало е навистина пикантно, одлично за љубителите на луто и посно јадење.

Потребни состојки:​

150 г грав

20 суви црвени (везенки) пиперки, мешани благи и лути, по избор

250 мл доматно пиер (салца)

50 мл масло за јадење

4-5 чешниња лук

сол

<

Постапка:

​

1.Во посебни тенџериња сварете го гравот и црвените пиперки.

​

2.Во аван се толчи лукчето со малку сол, па се додаваат пиперките исчистени од семки, па се толчат.

​

3.Потоа се додава сварениот грав, па сето заедно се толчи до изедначување.

​

4.На крај се додава доматното пире и убаво се меша и се зачинува по вкус.

​

5.Маслото се загрева на страна па се попарува макалото.

​

Се послужува со меко домашно лепче и убаво овчо сирење.

​