Искористете го стариот леб на највкусен начин!

Потребни состојки:

½ шолја кафеав шеќер

1 лажица густин

¼ лажичка цимет

½ шолја вода

6 јаболка

1 лажица лимонов сок

1 лажица путер

4 јајца (одвоени белки од жолчки_

Прстофат сол

2/3 шолја шеќер

2 шолја млеко

5 тенки парчиња леб

Постапка:

1.Во голема тава измешајте кафеав шеќер, густин и цимет. Додадете малку вода колку да добиете мазна смеса, па додадете ги исечените јаболка.

Гответе со постојано мешање додека смесата да зоврие. Кога ќе згусне, тргнете од оган па додадете лимонов сок и путер.

2.Во подлабок сад изматете ги жолчките додека да станат пенасти. Постепено додавајте сол и 1/3 шолја шеќер. Матете додека смесата да згусне и добие лимонова боја. Додадете го млекото и измешајте.

3.Парчињата леб натопете ги во мешавината со јајца, околу една минута. Редете ги во плех обложен со хартија, па прелијте со смесата од јаболка.

Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25-30 минути.

4.Во меѓувреме изматете ги белките, и постепено додавајте го остатокот од шеќер додека да добиете цврст снег. Премачкајте одозгора преку печениот колач, па вратете во рерна да се допече уште 10-15 минути. Послужете додека е топло.