ПЕСОК ТОРТА без маргарини и без печење

Потребни состојки:

1,5 литар млеко

Шеќер по вкус

6 пудинзи од ванила

250 мл слатка павлака

2 шлагфикс

250 г мелени бисквити

200 г кокос

100 г мелени бадеми

100 г чоколадо

Постапка:

Сварив 6 пудинзи од ванила во 1,5 литар млеко (200 мл млеко се одзема за да се измеша пудингот во прав).

Шеќер ставете по желба.

Направив шлаг од 250 мл слатка павлака +2 шлагфикс и ги измешав со изладениот пудинг.

Смесата ја поделив на 3 дела…

Во 1 дел ставив 250 г мелени наполитанки (може било кои бисквити)

Во 2 дел додадов 200 г кокос

Во третиот дел ставив 100 г мелени бадеми и 100 г топено чоколадо. Наместо бадеми може ореви, лешници…

Редење:

Во калап 24-26 см претходно малку намастен, рамномерно се распоредува 1 смеса, врз неа 2, потоа смеса 3.

Се остава во фрижидер околу 1 час да се стегне, па се послужува.

coolinarika.com