ПЕСОЧНА ТОРТА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ, БЕЗ МИКСЕР, брзо се подготвува, а се состои од 3 различни фила. Секој фил се состои од пудинг, а потоа во него се додаваат други состојки по избор. Многу е вкусна и лесна, ваква кремаста не сте јаделе досега.

„Оваа торта за првпат ја пробав пред 15-тина години, кај пријателка на мајка ми, само што таа тогаш ми рече дека има друго име тортата, кое не го памтам. Подоцна наидов на истата торта, само што овојпат ја начекав под името ‘Песок торта,’ па така ја завикав и јас“, вели Сара.

Тортата се подготвува за неполни 30 минути, а од оваа количина излегуваат парчиња за 8-10 лица, па можете да ја послужите и за гости. Првиот слој за кората може да го изоставите, но овој слој најчесто се подготвува за повпечатлив вкус на филот и влијае како стабилизатор на тортата.

Зошто да чекате да се олади кремот, па дури потоа да го ставите путерот и тоа претходно пенасто измиксан со шеќерот во прав? Цела таа процедура е непотребна! Во врелиот пудинг веднаш ставете го путерот и поделете го на три дела.

Потребни состојки за кора: 300 г мелени бисквити, половина чаша сварено какао и 1 лажичка путер. За фил: 1 литар млеко, 4 кесички пудинзи од ванила, 300 г шеќер, 250 г маргарин, 200 г мелени бисквити, 200 г кокос, 200 г мелени ореви, шлаг за декорација по избор.

Подготовка: Најпрво сомелете ги бисквитите, а во нив додајте го свареното какао и растопениот путер. Измазнете ја смесата како за подлога за чизкејк и распоредете ја на плех или тава.

Ставете ја во фрижидер да се стврдне додека го подготвувате филот. Подготовка на филот: Згответе 4 пудинзи од ванила, но не според упатствата на кесичката, туку во 1 литар млеко. Изладете го пудингот и додајте го маргаринот, изматен до пена со шеќер.

Поделете ја смесата на три дела. Додајте кокосово брашно во едниот дел, мелени ореви во вториот, и мелени бисквити во третиот. Пудингот треба да биде доволно цврст за да може да се распореди низ тортата и да се мачка.

Редење: На дното од калапот најпрво нанесете го филот со кокос, рамномерно распоредете и израмнете, како втор фил распоредете ја мешавината од пудинг и бисквити.

А на крај, рамномерно распоредете го чоколадниот фил и израмнете. Потоа украсете ја тортата со шлаг по желба. Оставете ја тортата во фрижидер 2-3 часа за да се стегне. Потоа извадете го обрачот и декорирајте ја со шлаг или по желба.