Милорад Аризановиќ, пензионер од Ниш, тврди дека со помош на медена терапија се ослободил од симптомите кои му ги отежнувале и работата и животот.

На лицата кои патат од поленска кивавица лекарите им советуваат употреба на антихистаминици, помалку да се изложуваат на суво време, да ги држат затворени прозорите и да шетаат само навечер или после дожд.

Причинителот за поленската кивавица е алергиската реакција која се манифестира со воспаление на слузокожата од носот и грлото, а симптомите се јадеж во носот, често кивање, затнат нос и честа секреција од носот, надразнети, црвени и солзни очи, сливање на секрет од носот во грлото.

Кај поедини лица главоболките се чести при алергиските кивавици. Болеста започнува нагло, тегобите обично траат неколку седмици, а некогаш и подолго. Таква судбина имал и Милорад Аризановиќ, пензионер од Ниш.

-Како заморче врз себе ги испробав сите антихистаминици за кои слушнав, за барем малку да ги ублажам последиците од поленската алергија, но резултати немаше – раскажува господин Аризановиќ и продолжува:

-Кивање, кашлање, многу отежнато дишење, отечени капаци и јадеж во очите, со ништо не можев ова да го спречам. Антихистаминиците само многу малку ми ги ублажуваа овие симптоми.

Одлучив себеси да си помогнам со медена терапија. Читајќи и слушајќи за извонредните моќи на медот, одлучив да пробам, па што биде нека биде. И бидна.

Веќе пет години со радост ги дочекувам пролетта и летото, бидејќи моите тегоби како со рака се однесени. Дури не ми пречи ниту поленот од амброзија, за кој се тврди дека е најсилен алерген.

Своето искуство сакам да го пренесам со уверение дека некому ќе му помогнам.

-Лекувањето од поленска алергија со мед го започнав пред шест години во септември, така што секое утро на гладно, пред кафе и појадок, пиев по една чаша вода во која расматував кафена лажичка ливадски мед, а секоја вечер пред спиење, ги мачкав очните капаци со мед за да ги ублажам отоците – вели Аризановиќ.

-Отоците од очните капаци исчезнаа, како и секретот од очите, а погледот ми се избистри. Оваа терапија, меѓутоа, не ми го олесна веднаш сите останати проблеми, бидејќи во текот на септември буи амброзијата, но бев истраен.

И покрај оваа медена терапија со страв ја очекував пролетта и нападите на кивавица и кашлица. Меѓутоа, за моја среќа и задоволство, ништо од тоа не се случи.

Очите не ме чешаа, ниту кивнав, ниту шмркнав. Предизвикувајќи ја судбината почнав да се шетам по паркот во Нишка Бања каде ги поминав моето детство и младост, но ниту под тие околности алергијата не ми се врати.

Се определив за ливадски мед, бидејќи се добива од различни видови цвеќиња, има благ и ароматичен вкус, содржи ензими, минерали, органски киселини и витамини, како и други елементи корисни за здравјето.

Апитерапевтите го препорачуваат за подигање на имунитетот и опоравок после болест, но и кај сезонски алергии и алергиска астма.

РЕЦЕПТ ПЛУС:

-Копривата помага кај секој вид алергија, па и кај поленската кивавица. Чај од млади листови од коприва се приготвува така што една лажичка свежи листови се додава во 250 мл врела вода и се остава половина минута, па се процедува. Овој чај треба да се пие три до четири шолји дневно, а во секоја шолја треба да се додаде по малку ливадски мед.

За вториот начин на приготвување на чајот од коприва против поленска кивавица потребна е полна лажичка сув лист од коприва, една лажичка нане и половина лажичка рендан ѓумбир. Сите состојки се ставаат во сад и се прелеваат со 200 мл зовриена вода. Се остава да излади, се процедува, се засладува со мед и се пие.