Пелати домати во тегла: Ниеден италијански сос не му е рамен – оригинален рецепт

Домати во тегла – оригинален рецепт за највкусниот доматен сос. Сварете ја тестенината, додадете ги овие домати и уживајте во предобриот вкус.

Потребни состојки:

2 кг домати
2 лажички шеќер
2 лажички сол
малку свеж босилек

Постапка:

Loading...

Доматите убаво измијте ги под млаз ладна вода, а потоа засечете ги на крст, па спуштајте ги прво во зовриена вода околу 30 секунди, а потоа веднаш во студена вода, исто така 30 секунди.

Вадете ги со решеткаста лажица. Со оваа постапка доматите многу полесно се одвојуваат од лушпата. Излупете ги доматите и исечете ги на половинки или четвртинки, во зависност од нивната големина. Тврдиот дел отстранете го.

Теглите стерилизирајте ги во рерна на 100 степени, 15-20 минути. Доматите полнете ги во стерилизирани тегли и додадете свежи листови босилек по желба и вкус.

Додека ги редите доматите, малку притискајте со прстите, не не премногу. Кога ќе ја наполните теглата две третини, ставете 1 рамна кафена лажичка шеќер, дополнете со домати до врвот, а на крај ставете и една рамна кафена лажичка сол.

Вака приготвената тегла затворете ја со метален капак. Постапката повторете ја со преостанатите домати, односно втората тегла.

Завршен момент: Едно поголемо тенџере обложете го со крпа и додадете 1,5 литар вода. Ставете ги теглите, па ставете ги да се варат на умерена температура 35-40 минути. Оставете ги теглите целосно да изладат во водата. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...