ПЕКМЕЗЛИ КОЛАЧ: Ако сте го јаделе, знаете колку е вкусен и сочен – колач потурен со сируп од мармалад

Фото и рецепт: Нихада Копиќ

Потребни состојки:

1 шолја (од 200 мл) џем или мармалад (јас користам редок мармалад (пекмез) од јаболка)
1 шолја шеќер
1 шолја млеко
1 шолја масло
1 шолја вода
2 шолји пченкарно брашно
2 шолји бело брашно
2 јајца
½ прашок за печиво
1 прстофат сода бикарбона

За шербет:

1 шолја шеќер
1 шолја мармалад
2 шолји вода* (некои го потураат со млеко, но ова е оригиналниот рецепт)

Постапка:

Loading...

На оган ставете мармалад, шеќер, вода, масло и млеко. Проварете да се изедначи па додадете пченкарно брашно. Мешајте убаво да се изедначи (не смее да има грутчиња) па тргнете од оган.

пекмезли колач

Смесата изладете ја па додадете бело брашно, јајца, прашок за печиво и сода бикарбона.
Сето добро измешајте го па излејте го во намастена тепсија број 30.

Печете на 200 степени околу 20 минути, па намалете на 180 и печете додека колачот да биде готов (проверете со чепкалка).

За шербет: Ставете ги состојките и варете ги околу 20 минути. Топлиот колач исечете го, па полијте го со топол шербет. Топло со топло.

пекмезли колач
Loading...