На фризер ми изгоре косата и буквално оќелавев, а сега обилно ми расте косата: маска со варени јаболка

Фото и рецепт: Анамарија Дубравац

Мојата коса ми изгоре замислете од фарбање во црно пред неколку години и многу долго поради тоа носев кратка коса како момче. Ми беа потребни големо трпение и труд за да дојдам до овој резултат што го гледате на фотографијата.

Знам дека се’ уште косата не ми е уоуу за на реклама, но сакав да ве известам дека сепак има спас и кога си мислите дека дошол крајот со вашата коса. Меѓу другото, почнав да практикувам и “no-poo” метод, а тоа е миење на косата без користење на купечки шампони кои содржат разни хемикалии.

Значи освен што обилно ми опадна косата, ми се појави и себореа, со ненормален јадеж. За три месеци, јадежот целосно исчезна, а себореата исто така. Косата многу помалку опаѓа, повеќе не ми е кршлива како претходно.

Еве како изгледа мојот третман: сега ја мијам косата на секои 10-14 дена.

Користам:

1 лажица сода бикарбона на 500 мл вода;

4 лажици јаболкова или винска киселина на 500 мл вода

2 капки етерично масло (рузмарин, лаванда, мента) на 500 мл вода.

Користам квалитетна дрвена четка за четкање на косата и користам кокосово масло на мокра коса после миење, главно на врвовите и малку нагоре.

Ја плакнам косата со чаеви од коприва, камилица, хибискус.

Но маската од јаболка е фантастична и таа е заслужна за закрепнувањето на мојата коса!

Маската од јаболка е буквално варење на јаболка, па изблендирани со малку од течноста во која се вареле. Оваа смеса се трие пред миење, се остава да делува минимум еден час и потоа се пере. Дополнително миење не е потребно.

Косата ми беше уништена што од фарбање, што од пореметена функција на штитната жлезда. Бев речиси ќелава. Шест години ја враќам косата во состојбата во која е сега, што однадвор, што одвнатре.

Да дообјаснам како ја перам косата: имам три шишиња од по половина литар. Во првото шише ставам сода, во втората оцет, а во третата етерично масло.

Најпрво ја натопувам косата, потоа ја распоредувам содржината од првото шишенце, масирам и ја мијам со обична вода. Потоа ја распоредувам содржината од второто шише, оставам 5 минути на косата, па мијам со обична вода (обично со млака накај ладна) и потоа ја распоредувам содржината на третото шише и тоа не го плакнам.

Чаевите за испирање не ги користам секогаш и редовно, туку како имам. Некогаш ги мешам, некогаш ги приготвувам поединечно.

Пред испирање со чаеви, косата лесно се мие со вода, се масира темето и потоа се испира со чајот.

Напомена: На почетокот кога преминував на овој третман, косата ми беше онака, ни чиста ни валкана. Кога и да ја чешлав косата таа обилно ми опаѓаше, цели топки остануваа на чешелот.

Во првите три месеци ја миев еднакво често како и порано кога се шампонирав, значи на секои 2-3 дена. Ми беа потребни 6 месеци за да пронајдам рецепт кој најмногу ми одговараше: во шише од 500 мл ставам 2-3 прста јаболкова киселина и дополнувам со вода. Косата прво добро ја натопувам со вода а потоа малку по малку излевам од течноста и полека ја масирам главата. Некогаш ја испирам, некогаш не, зависи од чувството под прсти, ама тоа се стекнува со искуство..

6 месеци од почетокот на терапијата забележав дека почна да ми расте огромна количина нова коса, а старата почна побрзо да ми расте.

Сега после две години косата ми е долга речиси до половина. Кога започнав ми беше скроз кратка, а се шишав само еднаш, во првите 4-5 месеци.

Има еден куп некои неочекувани добри нуспојави, но не можам на се’ да се сетам во моментов. Со среќа на сите кои го имаат мојот проблем, нека пробаат, можат само да добијат.

Loading...