Ако сакате да си приготвите здрава и вкусна салата без конзерванси и други додатоци, погледнете го рецептот за полнети и пеглани сомборки. Откао ќе ги приготвите пиперките ќе можете да ги јадете по една седмица.

Потребни состојки: 2 кг сомборки 2 литри вода, 100 мл бел оцет 9%, 50 мл масло, 5 супени лажици сол, 3, супени лажици шеќер, стаклена тегла од 2,5 литри. За полнење на сомборките: 2-3 моркови исечени на тркалца, 1 китка свеж магдонос ситно исечкан, 1 главица лук ситно сечкана и уште: црн пипер во зрно

Постапка: Пиперките убаво измијте ги по млаз ладна вода, исцедете ги, па исчистете ги до петелките и семето. Потребно е да останат цели и шупливо. Во тенџере ставете 2 литри вода, 100 мл оцет, 50 мл масло, 5 супени лажици сол и 3 супени лажици шеќер.

Ставете на оган и промешајте добро за да се растопат солта и шеќерот. Кога ќе зоврие течноста намалете ја температурата во нејзе ставете половина од пиперките или онолку колку што собира.

Поклопете со капак и оставете една минута, а потоа свртете ги и оставете ги во течноста уште една минута. Доволни се вкуспно 2 минути за малку да се подварат во течноста. Готовите пиперки вадете ги на страна, а во истата течност повторете ја постапката и со преостанатите пиперки.

Во стаклена и стерилизирана тегла од 2,5 литри започнете го полнењето: во секоја сомборка ставете неколку тркалца морков, прстофат сечкан магдонос, прстофат сечкан лук… продолжете го полнењето додека да се исполни целата тегла.

Одозгора ставете една лажица црн пипер во зрно и прелијте со врелата течност во која се вареа сомборките. Течноста треба да ги прекрива пиперките. Веднаш затворете со метален капак, па теглата ставете ја во друг сад со вода што врие. Доволни се 5 минути за да се пастеризира и вакумира теглата.

Потоа теглата завиткајте ја во ќебе или крпа и оставете ја така да излади. После една седмица “зреење” ќе можете да ги вкусите сомборките или да ги сочувате за зимница. Презентацијата за овие вкусни пеглани сомборки можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.